Connect with us

Инфо +

На Рашко децата граделе хациенда, син ми гради замок од лего коцки, а ќерка ми со месеци собира пари за куче

Published

on

На Рашко децата граделе хациенда од 800 квадрата? Син ми гради замок од лего коцки, ќерка ми ни тоа пошто со месеци собира пари за кученце. Јас само посматрам и се чудам, јер како и мнозинството не знам како понатаму – пишува новинарот Драган Милосавјевиќ.

Македонија

СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Пронајден е неговиот мобилен

Published

on

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче Миле Тодоров од Неготино, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање. Мобилниот телефон е пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема, објави Фокус. 

Веќе неколку дена се трага по 28-годишниот Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал отказ на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.

Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот е забележан кај селото Марена.

Continue Reading

Балкан

200 ЗЕМЈОТРЕСИ ЗА 48 ЧАСА НА САНТОРИНИ Се затвораат училиштата, се откажуваат собирите

Published

on

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени.

Над 200 земјотреси во изминатите 48 часа биле регистрирани во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос со максимална магнитуда од 4,5 степени, а по новиот состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција беа донесени превентивни мерки за граѓаните, меѓу кои и одлука училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи утре да останат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени, грчките сеизмолози смируваат дека земјотресите на Санторини не се поврзани со вулканската активност на островот, додека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за вечерва закажа состанок за земјотресите.

Поради зголемената сеизмичката активност во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос, денеска се одржа нов состанок, втор за помалку од 24 часа на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи и откако ги разгледале податоците донеле неколку препораки и превентивни мерки.

Поконкретно, како што соопштија од Министерството, членовите на комисиите одлучиле училиштата на четири острови утре да останат затворени, а на граѓаните им препорачуваат да избегнуваат големи собири во затворени простори; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во четирите пристаништа на Санторини; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што е веројатно да се појават одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Дополнително, откако комисиите ги разгледале досегашните податоци едногласно констатирале дека „сеизмичката активност во калдерата е намалена“, дека „сеизмичката серија и понатаму е зголемена во последните 48 часа со над 200 земјотреси во делот меѓу Санторини и Аморгос (земјотреси со максимална магнитуда од 4,5 степени)“, но и дека тековната сеизмичка активност во конкретната област „се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и не е поврзана со вулканска активност“.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, соопштија дека надлежните комисии утре напладне ќе одржат нов состанок.

Паралелно, грчкиот премиер за 19 часот по локално време закажа состанок во Премиерската палата.

Continue Reading

Македонија

ЈО: Специјализираното одделение ги истражува случувањата во „Шутка“, ќе има постапки против инволвираните затворски полицајци

Published

on

Од Основното јавно обвинителство денеска информираат дека специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во Затворот Скопје.

Како што велат, по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Ова следува откако во јавноста излегоа фотографии од возачот Васил Јованов, кој на Партизанска ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, како држи телефон во раката додека е во притвор во затворот „Скопје“.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера порача дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, а извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица.

Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк