Connect with us

Инфо +

Рашковски вози „Волво“ од 74.000 евра, џипот не е пријавен во анкетниот лист (Фото)

Во вечерашната емисија „360 Степени” на Алсат телевизија објавија дека секретарот во кабинетот на премиерот Драги Рашковски, вози прескап автомобил „Volvo XC90″ во вредност од 74.000 евра, кој не фигурира на неговиот анкетен лист.


Станува збор за „Волво XC 90“ од актуелната генерација на моделот. На официјалната страница на „Волво“ овој џип е опишан како спој меѓу совршена безбедност, удобност и елегантeн дизајн, со иновативна технологија и внатрешност изработена од врвни материјали. Најновиот основен модел вреди 74 000 евра.

Џипот е редовно паркиран во близина на живеалиштето на Рашковски во Скопје, и тој не оди со ова возило на работа, туку го користи во слободното време.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) веќе има отворено предмет за Рашковски и велат дека ќе се истражува дали вредноста на она што го поседува ги надминува неговите примања, во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се случи нешто како што вие кажувате дека е забележано нешто што не е пријавено тука, дека во конкретниот случај е забележан со возило кое што не е пријавено, тогаш ќе провериме чии е тоа возило. Па на тој начин ќе извршиме споредба, вклучена е и контрадикција со субјектот којшто е предмет на работење, така што може да се земе и изјава од Рашковски, кое возило го возел, чии е возилото итн. Ние неколку пати сме укажале дека законот за потекло на имот е многу потребен во нашата држава, токму од овие причини, да се знае кој имот чиј е и од каде потекнува“, вели Ивановска за 360stepeni.mk.


Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, вели дека освен што ќе ја проверуваат реалната имотна состојба на Рашковски, ќе се истражува и дали нејзината вредност ги надминува неговите примања. Во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се забележи дека има отстапување на страна на имотот во однос на примањата тогаш одиме кон проверка на имотот и тогаш веќе се вклучуваат и други институции како финансовата полиција итн“ посочува Ивановска.

Извор 360степени.мк

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг