Започна РАМАЗАН, месецот на милоста, солидарноста и милосрдието

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на постмолитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

По рамазанскиот пост се чествува Рамазан Бајрам три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.