ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ПО 20-ти АПРИЛ?!

Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција, а за тоа дали полицискиот час ќе биде продолжен, истакна дека доколку има потреба тој ќе важи и по 20 април до кога всушност важат последните воведени мерки.

– Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да, порача Филипче и додаде дека за тато како ќе се одвиваа работи ќе се дискутира викендов и на почеток од следната недела.

– Ќе ги пратиме бројките и менаџирањето на болниците. Тоа се критериумите по кои анализиравме и до сега. Доколку има потреба рестриктивните мерки ќе продолжат, додаде Филипче.