Connect with us

Инфо +

Рашковски си поднесе оставка, сакал да го зачува достоинството

Published

on

Драги Рашковски утрово на својот фејсбук профил ја објави оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е 12 април. Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот, напиша Рашковски во оставката. Неговото име во последниот период е поврзано со бројни скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службена должност.

„За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа“, пишува во оставката.

Во фејсбук-пораката Рашковски напиша: „Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Сѐ поразлично од тоа е лажна вест“.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист. Името на Рашковски се споменува и во скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром. Во неговиот анкетен лист го нема и земјиштето кај Побожје на кое планира да изгради куќа од 800 квадратни метри, а го нема и џипот „волво“ што вреди 70 илјади евра. Рашковски беше автор и на неколку проекти кои упорно ги туркаше во Владата, ама поради бројни реакции од јавноста не се реализираа (проектот со брзата помош со хеликоптерите и проектот за јавно приватно партнерство за наплата на акцизните стоки).

Балкан

Српските лекари пожртвувани за повредените од Кочани: Секој миг е важен во акцијата на хуманост (ФОТО)

Published

on

Денес во Белград пристигнаа уште 12 пациенти од Македонија, кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Авион со пациентите слета попладнево на аеродромот во Батајница, каде што беше организиран брз и координиран транспорт до здравствените установи.

Тимови на Брзата помош ги пречекаа повредените и веднаш ги пренесоа до болниците, со цел да им биде обезбедена што поитно неопходната медицинска грижа.

Во Ургентниот центар, медицинските екипи беа подготвени за прием и веднаш им пружија соодветна нега на пациентите. Посветеноста и професионалноста на српските здравствени работници уште еднаш дојдоа до израз, обезбедувајќи брза и ефикасна реакција во духот на медицинската солидарност.

Continue Reading

Балкан

Грчкото воено воздухопловство извршува медицинска евакуација на тројца повредени од трагедијата во Кочани

Published

on

По големата трагедија во Кочани, грчкото воено воздухопловство (Hellenic Air Force) со транспортен авион C-27 Spartan извршува медицинска евакуација на тројца пациенти во критична состојба. Повредените ќе бидат пренесени во Воената болница 401 во Атина, каде што ќе добијат соодветен медицински третман.

Во овие тешки моменти, Грција изрази солидарност со Северна Македонија, испраќајќи помош за спасување на животите на тешко повредените. Нашите мисли и молитви се со нив и нивните семејства.

Continue Reading

Балкан

Претседателот Вучиќ ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани: „За нас е трагедија како да се случило тука“

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети групата повредени во пожарот што се случи во Кочани.

„За нас, трагедијата во Кочани е како да се случила тука. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои пристигнаа со сериозни повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и сме подготвени да примиме повеќе пациенти, бидејќи имаме најсовремени опремени болници“, изјави Вучиќ.

„Нема да им биде лесно на македонскиот народ, но ние секогаш ќе бидеме со нив, како што тие беа со нас“, додаде тој.

Претседателот Вучиќ ја изрази својата подготвеност да помогне во оваа трагична ситуација и да им обезбеди поддршка на повредените.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк