Филипче: Нема потреба од нови нарачки на вакцини, обезбедени се 2,6 милиони дози

Добивме потврда од кинеската амбасада во Македонија дека 200.000 кинески вакцини против корона вирусот ќе ни бидат испорачани на 28 април, информира денеска Венко Филипче, министер за здравство.

–Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега, кажа министерот.

Инаку, Филипче рече дека земјава досега нарачала 2, 6 милиони вакцини и дека засега нема потреба да нарачува од руските вакцини што ќе ги произведува српскиот Институт „Торлак“.

-Во овој момент не ни треба нарачка на вакцини затоа што согласно планот како што е димензиниран и сите досегашни договори имаме обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини. По 800 илјади вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200 илјади руски и кинески вакцини, 100 илјади вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската унија и 500-те илјади вакцини на Синовак кои треба да стасаат во мај. Така да процесот е заокружен, рече Филипче.

Филипче објасни дека по Скопје, вакцинација ќе се врши и во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово,

Министерот додаде дека изминативе неколку денови паѓа бројката на новозаболени и на хоспитализирани