Гарванлиев „плаче“ во странство: Имаше организиран кpиминaлeн нaпaд врз мене поради бyгарскиот пасош

Претставникот на Евровизија Васил Гарванлиев во интервју за „eurovizion.com“ вели дека бил цел од организиран криминален напад поради тоа што има бугарски пасош.

– Ова беше организиран криминал / напад против мене, врз кој немав контрола. Работите беа извадени од контекст и беа презентирани лажни информации кои завршија со многу негативен одговор со сајбер малтретирање и јавно линчување. Не посакувам такво нешто на никого, но гледајќи ја светлината во мракот, многу сум благодарен затоа што на мојата песна и даде уште подлабоко значење и уште поголема желба да бидам уште поуспешна, вели пејачот.

Тој вели дека ова го направило посилен како човечко суштество и како уметник и му дало поголема одговорност.