Connect with us

Инфо +

Иселениците Македонци заглавени оставени по светот без пасоши, не можат да ги заменат истечените

Над илјада македонски граѓани се заглавени во дијаспората поради истечени пасоши и немаат можност да извадат нови. Проблемот е најголем во Австралија и Кина, но има наши граѓани со истечени пасоши и низ цела Европска унија. На социјалните мрежи веќе има и група „Нова процедура за пасош“ во чиј состав се потпишува петиција за решавање на проблемот во најкус можен рок. Петицијата е потпишана од над 3.000 луѓе.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за 24 Инфо изјави дека денеска во Собранието на РСМ ќе се иницираат законските измени за решавање на проблемот.

-Запознати сме со проблемот. Денес во Собранието ќе се иницираат законските измени со дел рокот на пасошите да се продолжи до 31. декември 2021, изјави Османи.

Но Македонците велат дека голем дел од нив немаат слободни страници во пасошот каде треба да се стави печат.

Во текстот од петицијата стои дека повеќе од 1.000 граѓани – државјани на Република Македонија, поради ситуацијата со ковид – пандемијата, не се во можност да извадат нови пасоши.

– Оставени на милост од страна на Македонската Влада,  која до ден денес не покажува ни малку интерес за решавање на овој сериозен проблем. После неколку без успешни обиди да се најде решение за овој проблем, и никаков одговор од страна на Македонските институции, решивме да ја покренеме оваа петиција со надеж дека ќе допре до Македонските власти.

Петицијата има за цел да се најде и обезбеди брзо решение, со кое би се решил овој проблем во најбрз можен рок .Поради неможноста да се извади нов пасош, многу Македонци се наоѓаат во неизвесна ситуација и немаат можност за продолжување на нивните ( работни, студент) визи, а со самото тоа и неможност да го продолжат својот живот како што планирале- стои во текстот.

Дел од граѓаните велат дека повеќе од една година се без пасош.

-Јас и мојата фамилија живееме во Холандија и веќе 9 месеци не можеме да ги обновиме патните исправи. Мојот пасош истече во Октомри 2020, а започнав да ја контактирам Амбасдата во Хаг уште во почетокот на летото. Постојано добивав одговор дека не се знае, нема информација, нема никакви гласини кога ќе дојде екипа за сликање?!! На почетокот на Март оваа година, конечно не поканија на термин за сликање, кој требаше да се изведе на 7ми април (пред два дена). На 10 мин пред влез во Хаг, каде што се наоѓа Амбасдата, добивме повик дека состанокот е откажан бидејќи системот паднал. Ни беше кажано да си се вратиме назад и да чекаме за нареден термин, кој најверојатно ќе биде по 3-4 месеци. Јас навистина не разбирам за што служи оваа Амбасада кога на крај сум приморана да најдам начин и да се вратам во Македонија и таму да ја завршам цела процедура. Ве молам пишете ми, доколку знаете надлежни институции каде би можела да го пријавам ова- вели една членка на групата.

Дел од амбасадите, пак,top се недостапни за нашите граѓани.

-Повеќе од еден месец се обидуваме да воспоставиме контакт со македонската амбасада во Берлин. Ниту одговараат на повик, ниту враќаат на емаил, па сакаме да одиме директно во амбасадата. Дали некој е запознаен дали треба дополнителни документи да се однесат и сл. Ни треба само закажување на термин за издавање на нов пасош- вели една Македонка од Германија.

Проблем имаат и наши сограѓани кои живеат и работат во Кина. Тие објаснуваат дека и да им го продолжат пасошот до крајот на годинава немаат слободни страници каде ќе може да им стават печат кога патуваат.

Валентина Ангеловска

Текст и Фото:

24инфо.мк

Свет

Трагично загина легенда на гејминг индустријата во сообраќајна несреќа кај Лос Анџелес

Винс Зампела загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа северно од Лос Анџелес, откако неговото Ferrari 296 GTS удрило во бетонска бариера и се запалило. Во несреќата загинал и сопатникот кој се наоѓал во возилото, пренесува NBC.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како црвеното Ферари со голема брзина излегува од тунел, само неколку моменти пред да удри во ѕид. Сведоци подоцна го снимиле целосно уништеното возило зафатено од пламен, а снимката е оценета како вознемирувачка.

Калифорниската автопатска патрола соопшти дека, од засега непознати причини, возилото излетало од патот, удрило во бетонска бариера и веднаш се запалило. Двајцата патници биле прогласени за мртви на местото на несреќата, при што едниот бил исфрлен од автомобилот поради силата на ударот. Истрагата за причините за несреќата сè уште е во тек.

Зампела, на 55-годишна возраст, важеше за една од највлијателните личности во светот на видео игрите. Како ко-основач на Infinity Ward, тој имаше клучна улога во создавањето на франшизата „Call of Duty“, која стана една од најпопуларните во историјата на гејмингот. Подоцна, во 2010 година, го основа студиото Respawn Entertainment, кое ги создаде хитовите „Titanfall“, „Titanfall 2“, „Apex Legends“ и „STAR WARS Jedi: Fallen Order“.

Respawn беше купен од Electronic Arts во 2017 година, а Зампела продолжи да има водечка улога во студиото и во развојот на франшизата „Battlefield“.

Веста за неговата смрт предизвика силни реакции и тага во гејмерската заедница ширум светот. EA соопшти дека станува збор за „незамислива загуба“, истакнувајќи дека влијанието на Зампела врз индустријата било длабоко и далекусежно и дека неговото наследство ќе продолжи да инспирира идни генерации развивачи и играчи.

Continue Reading

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг