Вера Мештеровиќ вплови во телевизиските води: Македонската мисица, модел и манекенка стана ТВ водителка (ФОТО)

Вера Мештеровиќ, некогашната играорка, мисица, манекенка и топ модел деновиве впловии во водителските води.

Фото) Вера Мештеровиќ играорка пред да стане манекенка - M Express

Девојката која  таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија.

Подоцна ќе продолжи да се занимава со манекенската професија, а јавноста одново ќе ја заинтригира со мажачката за некогашниот македонски  интернационалец, фудбалерот Игор Кралевски, кому тоа му беше втор брак.

Во меѓувреме Вера ќе работи како бренд амбасадор на една македонска модна куќа и како инфлуенсер и заштитно лице кое рекламира нокти и препарати за нега на кожа и лице. Но, љубовта на екс фудбалерот сега фудбалски тренер и екс манекенката и мисица, од пред некое време и ТВ водителка најпрвин ќе „влезе во офсајд“, па брачната криза ќе го направи своето и покрај 10 -те години брачен живот и двете деца –  синот Андреј и ќерката Јована, а нивната идила во 20218-тата ќе заврши со развод.

Вистина.мк