(Видео) Coлун ГOPИ: „Bojна“ по улиците на вториот град по големина во Грција

Најмалку две лица, студент и полицаец, беа повредени за време на студентскиот протест во Солун, во кој одекнуваа експлозии и се фрлаа молотови коктели, камења и шишиња. Полицијата одговори со солзавец.

Студентите протестираа, барајќи повлекување на законот за високо образование, кој овозможува воведување полиција на универзитетите, а протестот на кој присуствуваа околу 7.000 луѓе помина во знак на судир со полицијата, јавуваат грчки медиуми.

Судири меѓу полицијата и студентите се случија пред Универзитетот Аристотел, но и на повеќе места во градот, а покрај молотовите коктели, на улиците беа поставени и барикади со контејнер.

https://youtu.be/ZXjFsZ0NWII

Еден демонстрант бил повреден кога бил зафатен од пожар од молотов коктел што се обидел да го фрли, а полицијата го спасила откако го изгасила пожарот, а потоа го уапсила.

https://youtu.be/X44uMNYrs58

Неколку автомобили на улиците на Солун беа уништени и оштетени.

Студенти демонстрираа и во Атина, а на улиците имаше околу 2.000 демонстранти, објави грчката полиција. Според полицијата, група од околу 200 демонстранти се обиделе да влезат во зградата на универзитетот, во што биле спречени.

https://youtu.be/UObk2Njqkmw