Connect with us

Инфо +

Хуман чин: Родителите на почината девојка се согласиле за донирање на нејзините органи

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

– Веројатно, имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска, за жал, кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, рече Филипче.

Свет

Поради еден детал на неговата рака, сите се загрижени за здравјето на Трамп (ФОТО)

Published

on

Здравствената состојба на претседателот на САД, Доналд Трамп (78), веќе некое време е тема во медиумите.

Она што најмногу привлекува внимание се модриците на неговите раце. Оваа тема првпат се појави кога францускиот претседател, Емануел Макрон, ја посетил Белата куќа. Сега, голема модрица на десната рака на Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста.

Почнаа да се шират шпекулации дека модрицата може да биде последица на инфузионата терапија, но Белата куќа излезе со објаснување дека таа е резултат на навиката на Трамп постојано да се ракува со луѓето.

„Претседателот Трамп е човек од народот. Има модрици на раката затоа што постојано работи и се ракува со луѓето секој ден, цел ден“, изјавила портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

И самиот Трамп претходно тврдел дека неговите модрици се последица на ракувањето со илјадници луѓе.

„Тоа е од ракувањето“, рекол тој за списанието Тајм во декември минатата година.

Американскиот претседател денеска имаше состанок со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалниот кабинет, а на десната рака повторно имаше модрица со чудна боја.

И покрај претходното ветување дека ќе објави медицински извештај за своето здравје, Трамп тоа сè уште не го направил, што дополнително поттикнува шпекулации за вистинската причина на модрицата.

Continue Reading

Свет

Русија не го прифати предлогот за прекин на огнот, помошникот на рускиот претседател ја откри главната причина

Published

on

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека на американскиот советник за национална безбедност, Мајк Волц, му го пренел ставот на Русија во однос на потребата од долгорочно решение на конфликтот во Украина. Според него, Русија не е заинтересирана за прекин на огнот како што го предложија Украина и САД. Ушаков зборуваше за ова во интервју за програмата „60 минути“ на каналот Русија-1.

„Јас, се разбира, ги коментирав договорените мерки за привремен прекин на огнот и го изразивме нашето гледиште дека тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија, ништо повеќе“, изјави Ушаков.

„Нашата цел е постигнување на трајно и мирно решение кое ќе ги земе предвид легитимните интереси на нашата страна. Нашите грижи се познати. Мислам дека никому не му се потребни такви чекори кои само ќе ја имитираат мировната динамика“, нагласи тој.

Неговата изјава доаѓа по пристигнувањето на американските преговарачи во Москва, кои разговарале за можни решенија на конфликтот.

Ушаков исто така рече дека „постои нормално разменување на мислења меѓу Русија и САД на мирен начин“ и дека Москва очекува Вашингтон да ја земе предвид нивната позиција во понатамошните преговори. Според него, Вашингтон е свесен дека „членството на Украина во НАТО не е опција“.

„Договоривме дека овие контакти ќе останат затворени за јавноста“, додаде Ушаков.

Според извори во руските медиуми, рускиот претседател Владимир Путин денеска се очекува да даде поконкретни и посуштински оценки за предлогот за привремен прекин на огнот.

Continue Reading

Европа

Италија се приклучува на трката за супер тенкот на иднината – MGCS

Published

on

Италија не се фокусира само на тенкот Panther – земјата веќе гледа кон следната генерација на оклопни возила, познатиот MGCS (Main Ground Combat System), кој се очекува да стане „супер тенкот на иднината“.

Италијанската компанија Leonardo игра клучна улога во оваа амбициозна воена програма. Прво, преку соработка со германскиот Rheinmetall, таа се вклучува во производството на модерниот тенк Panther, а потоа планира да биде дел од развојот на MGCS – новиот оклопен џин кој треба да доминира на бојното поле во наредните децении.

MGCS е заеднички проект на Германија и Франција, дизајниран како замена за постојните Leopard 2 и Leclerc тенкови. Овој напреден борбен систем ќе биде опремен со најнова генерација на оружје, напредна вештачка интелигенција и интегрирани системи за електронска борба, што ќе му овозможи супериорност во секој можен конфликт.

Со ваквата стратегија, Италија не само што обезбедува клучна улога во производството на модерните борбени возила, туку и гарантира дека нејзините вооружени сили ќе останат чекор пред останатите во развојот на воената технологија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк