Онлајн парламент: Пратеник се појави гол на седница

Канадскиот политичар Вилијам Амос се појави целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент, што се одржа преку апликацијата Zoom.

Иако состанокот беше затворен за јавноста, на социјалните мрежи се појави фотографија од голиот пратеник, а тој ги покрива „чувствителните“ делови со мобилен телефон во раката.

Фотографијата брзо стана хит на социјалните мрежи, а Амос се јави да објасни што се случило.

„Денес направив грешка и многу сум засрамен поради тоа.Камерата случајно остана вклучена додека се пресоблекував по трчање.

Искрено им се извинувам на моите колеги. Тоа беше случајна грешка, што нема да се случи повторно“, напиша тој на Твитер.