Инфо +
Жителите на Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се дозволи градење на високотокатниците кај „Холидеј ин“
Со писмо до повеќе надлежни институции во државата, околу илјада граѓани, сопственици на станови и жители на зградите од Градски ѕид во близина на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ го изразуваат своето неверување и разочараност за како што велат изградбата на нов огромен станбен комплекс на местото на паркингот.
Во нивното писмо упатено до претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, до градоначалниците на Скопје и Центар и други надлежни министерства тие пишуваат дека претставуваат група на граѓани од околу 320 станбени единици, преку дваесетина деловни субјекти, 160 подземни гаражи и споделувајќи надземен партерен простор и паркинг со договор со Општина Центар во микролокација во самиот центар на градот Скопје на простор кој урбанизирано постои 45 години (од 1976) и ја изразуваат како што велат нивната крајна разочараност во содржината на најавените планови за изградба на споменатата локација, и ги повикуваат надлежните институции да спречат тешко дело против градот Скопје и условите за живеење во центарот на градот.
Во писмото меѓу другото стои:
Поаѓајќи од премисата дека не смее да постои законска регулатива и процедури кои до толкава мерка се спротивни на очигледниот јавен интерес во центарот на главниот град, стандардите на живеење и функционирањето на урбана средина во современи услови ги повикуваме надлежните институции, но и прогресивните граѓани на околните локации и пошироко да спречат тешка форма на уништување на градот и неговото функционирање. За последиците од непреземање на соодветни мерки од страна на државата за спречување на споменатиот катастрофален план најавуваме и тужба во Меѓународниот суд за човекови права.
Локацијата на која живееме и поседуваме имот функционира 45 години како современ урбан микропростор со соодветни инфраструктурни и урбани содржини и секојдневно функционира како простор за домување и деловен простор во самиот центар на град Скопје. Оттука, секојдневно сведочиме за бројните карактеристики на микропросторот во рамки на функционирање на општината, градот и севкупниот живот во центарот на градот.
Нашето секојдневие сведочи за бројни аргументи кои се во целосна спротивност со издржливоста на најавените планови за локацијата „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ и со целосна сигурност предвидува тешки и непоправливи последици по овој дел од центарот на главниот град. Следните секојдневни проблеми постојат со години, со текот на времето се влошуваат, а изостанува било каква активност за нивно надминување од истите инстанци кои ги процесираат најавените спорни планови за градба, би набројале само некои:
Секојдневно сведочиме дека пристапните сообраќајници се едвај доволни за сервисирање на постојната населеност во овој дел на градот. Булеварите „Кочо Рацин“ и „Филип II Македонски“ се преоптоварени во голем дел од фреквентните часови, а се единствени сообраќајници за сервисирање и на спорните градби.
Крстосниците кај Народна банка, Народна и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“, „Црвен крст“ и ЈЗУ градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“ претставуваат црни точки во сообраќајот на градот, а се главните крстосници кои гравитираат на спомнатата локација.
Погоре споменатите сообраќајници на само неколку стотици метра од спорната локација водат до Собранието, единствената хируршка болница во центарот на градот како и до повеќе значајни државни институции со постојани потреби за непречен транспорт.
Истото се однесува и на бројните деловни субјекти посебно во Градскиот трговски центар. Нашето секојдневно искуство говори дека на овие сообраќајници и крстосници ниту се изведени ниту предвидени долгорочни решенија за подобрување на протокот, функционалноста и безбедноста на граѓаните освен минорни промени во позитивна насока на подобрување на велосипедска инфраструктура и поместување на пешачки премин. Движењето на пешаците не е подобрено со години, а со постојната инфраструктура незамисливо е да се добие проток на пешаци соодветен на центар на современа урбана средина. Како долгогодишни корисници на градската елементарна комунална инфраструктура сведочиме дека постојните главни инфраструктурни доводи на вода и канализација не се одржуваат редовно и не се подобруваат соодветно на светки искуства и стандарди со цел да одговорат и на постојните потреби со што често пати доаѓа до комунални проблеми кои директно го засегаат квалитетот на живеењето и се на товар исклучиво на нас како крајни корисници.
Сведоци сме дека одредени проблеми од јавното осветлување на овој простор не се решаваат на соодветен начин преку 30 години и истата останува непоправливо осветлена под стандардите на урбаното живеење. Одржувањето на околните инсталации за јавно осветление е под современите минимални стандарди.
Поради дотраеност и несоодветна институционална покриеност дел од подземната инфраструктура за топлинска енергија е вон функција, доводот на парно греење е во прекин на дел од нашата локација цела сезона со можност за решавање само со приватна иницијатива и инвестиција повторно само на крајните корисници без никакво споделување или поддршка он институциите.
Дури и постојните подземни гаражи поради дотраеност на хидро изолација тешко се одржуваат со континуирани штети и без можност за институционална поддршка во нивно решавање, а слично важи и за проблемите со функционирање на паркинг просторот кој го стопанисува општина Центар на нашата адреса.
Одржувањето на градското зеленило, ако се изземе косењето на тревата, е непостоечко, а се работи за зеленило кое е засадено пред 40-ина години. За пософистицирано одржување на зеленилото дури не можеме ни да се надеваме, а се работи за дрва со веќе напредната старост како и за зеленило на кое не ми се овозможува ни елементарно полевање.
Сведоци сме на начинот на кој се одржува елементарната хигиена во актуелната населеност на просторот. Просторот е нечист и не се одржува во согласност со санитарни стандарди.
Секојдневно сведочиме за исклучителната важност на локацијата на најавените градби во однос на нејзината поставеност поред реката Вардар, делумно и на самиот кеј. Оваа важност се темели не само на естетски и функционален план туку претставува и клучен фактор во синџирот на параметри што директно влијаат на загаденоста на воздухот во главниот град, и соодветно на квалитетот на климата во градот и микроклиматските карактеристики на локацијата.
Локацијата на нашето живеење наметнува и директно секојдневно сведочење на лошите и штетни решенија од голем дел на објектите од т.н. проект Скопје 2014, што дополнително ни дава за право аргументирано да ги анализираме и последиците од реализацијата на најавените градби на предметната локација и да бидеме сигурни во нивната штетност и неодржливост.
За непочитувањето на стандардите на урбано живеење од аспект на пристапност на локациите за итните служби и одговарањето во ситуации на катастрофа и во постојната состојба сведочиме за проблеми кои не се решаваат, а не е тешко да се предвиди до какви последици би дошло кога најавените планови за нови градби би се реализирале.
Според погоре изнесеното сметаме дека најавените градежни активности на споменатата локација означена со „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“: се во целосна спротивност со елементарните параметри на урбано живеење во современ град од актуелните димензии на нашиот главен град, најавите за минорни јавни простори на истиот се замајување на јавноста и обид за извртување на основната сопственичка бизнис логика, претставуваат евидентна опасност за безбедноста во центарот на градот на сите граѓани и корисници вклучувајќи ја и нашата микро-локација на сопственици на простор за домување и деловни активности, ги нарушуваат во тежок степен комуникациските и функционални артерии на градот до степен на нефункционалност, претставуваат естетско злодело со трајни последици, ја нарушуваат последната пристапна точка до кејот на реката Вардар, претставуваат тежок удар на микроклимата во овој дел на градот и на сите современи параметри за борба против загадениот воздух во градот во целина, се крајно несоодветни за постојната основна градска комунална инфраструктура, претставуваат тежок удар врз напорите за зголемување на зеленилото во градот, оневозможуваат формирање на јавен простор од интерес на граѓаните, жителите во непосредната и посредна околина и сите посетители на градот не само на долги туку и на дефинитивни рокови не се во согласност ниту во било каков сооднос со постојните изградени урбани содржини во непосредната околина и пошироко, се во целосна спротивност на препораките од плановите за развој на град Скопје и експертските ставови за апсолутна забрана за градење покрај реката Вардар поради сеизмичките карактеристики на тлото, се еклатантен пример за наметнување на правата од приватната сопственост врз јавниот интерес и простор од клучно значење за главниот град на државата што е во целосна спротивност со елементарните современи параметри за управување со урбани средини, се целосно несоодветни на најскорешните тешки искуства со последната санитарна криза предизвикана со пандемијата од Ковид-19 и начинот на кој светот се бори против неа, не содржат ниеден аргументиран елемент карактеристичен за прогресивни, одржливи и решенија во согласност со апсолутно приоритетните трендови за развој во согласност со природата, т.н. зелени политики и параметрите на хумано живеење, напротив се еклатантно во директна спротивност со истите се сосема несоодветни во однос на развојните препораки во насока на урбано живеење на деца, ранливи категории и лица со посебни потреби, директно тешко го нарушуваат квалитетот на живеењето на постојната локација на Бул. „Кочо Рацин“ бр. 14 и кулите на Бул. Кочо Рацин.
Од овие причини, ние граѓаните сопственици на станови, деловен простор и подземни гаражи и жители на адреса Бул. Кочо Рацин бр. 14 (Градски ѕид блок 9) и кулите на адреса Бул. Кочо Рацин ги повикуваме највисоките инстанци на демократските институции во државата да се повикаат на предимството на елементарниот јавен интерес над секојдневната процедурална и законска регулатива и да го спречат уништувањето на центарот на главниот град и условите на живеење во него. Ги подржуваме сите досегашни јавни иницијативи, почнувајќи од Мораториумот инициран од Советот на општина Центар, бројните граѓански здруженија кои со право повикуваат на разумност и професионалност, платформата Здравје пред профит, мислењата на архитекти експерти, здруженијата на архитекти и слично. Ги поддржуваме актуелните петиции на социјалните мрежи во оваа насока. Го осудуваме неделувањето на институциите согласно основните постулати на нивната институционална поставеност. Доколку не се најде начин на кој ќе се реши овој проблем и ќе се спречат долгорочни тешки проблеми во функционирањето на главниот град, нашите права за заштита на елементарните параметри за квалитет на живот на имотот кој го поседуваме ќе ги бараме во меѓународните институции по судски пат.
По споделување со сите станари од наведените Куќни совети петицијата се потпишува од страна на претседателите на Куќните совети / Заедницие на сопственици на станови како следи:
Бул. „Кочо Рацин“ бр.14 (Влезoви I, II, III, IV, V, VI)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.18 (Кула Б-20)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.20 (Кула Б-19)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.26 (Кула Б-18)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.28 (Кула Б-17)
Бул. „Кочо Рацин“ (Кула Б-16)
You may like
-
Смејте се вие ама преку Трубарево ќе излеземе на море
-
Разбојник претепал скопјанка пред влез на зграда
-
Откриени името и презимето на МАКЕДОНСКА ПЕЈАЧКА КОЈА ПАДНА ОД ЗГРАДА – нејзиниот партнер Филип почина
-
Што градба ќе беше – Околу нејзе се е срушено, а оваа градба е буквално недопрена, нема ниту пукнатина (Видео)
-
Како да ја лапна земја – Се сруши зграда одеднаш, луѓе за влакно и избегале на смртта (ВИДЕО)
-
Мајка си го оставила бебето пред зграда и побегнала
Свет
Трамп се пофали: Стотици милијарди долари благодарение на царините
Американскиот претседател Доналд Трамп со силен ентузијазам откри дека „царина“ е неговиот апсолутно омилен збор, изјава што брзо одекна низ американските медиуми.
Говорејќи вчера за време на настан во Пенсилванија, Трамп не ја криеше својата страст кон овој поим:
„Би рекол дека мојот омилен збор е ‘царина’. Го сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, пренесе „Њујорк пост“.
Поранешниот претседател нагласи дека неговата стратегија за царини не е само лично фаворитизирана, туку и вистински економски мотор. Според него, таа носи стотици милијарди долари директно во Соединетите Американски Држави.
Тој ја искористи можноста да ја истакне позитивната промена во американската индустрија, особено во Пенсилванија. Трамп тврди дека челичарниците во овој регион бележат значително подобри резултати, благодарение токму на неговата царинска политика.
Трамп ја поврза важноста на царините директно со националната безбедност, испраќајќи остро предупредување:
„Доколку немаше тарифи, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД, а тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, категоричен беше Трамп.
Свет
Од шега до скандал: хрватска сатирична вест го залажи шефот на Дума и стигна до Путин
Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин, пред самиот претседател Владимир Путин, презентираше сатирична приказна од хрватскиот портал „NewsBar“ како шокантна, вистинска вест. Зборувајќи за опасностите од вештачката интелигенција, Володин не знаеше дека цитира измислен корупциски скандал со европска „министерка за вештачка интелигенција“.
На состанокот на Советот на Парламентарното собрание, додека ја потенцираше потребата од правен надзор врз вештачката интелигенција, Володин реши да ги илустрира нејзините „предизвици и проблеми“. Иако формално ја поддржа АИ, неговиот пример беше апсурден.
„Во една земја од ЕУ, отидоа и назначија министерка за вештачка интелигенција, а сега таа се соочува со обвиненија за проневера“, самоуверено изјави Володин, користејќи го непостоечкиот случај како еклатантен доказ за ризикот.
Но, целиот „корупциски скандал“ со министерката за вештачка интелигенција е 100% фабрикуван! Приказната беше објавена пред само неколку дена на хрватскиот сатиричен портал „NewsBar“.
Според оваа генијална сатира, министерката за вештачка интелигенција, Диела, анализирала 30 години податоци за јавни набавки и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“, а не кривично дело. Потоа, таа самата прифатила 14 биткоини (околу 1,3 милиони евра) за да одобри проект за автопат.
Сатиричната статија кулминира со детали дека Диела на суд ќе ја брани ChatGPT, а нејзините должности, до крајот на истрагата, ќе ги преземе „стар модел на калкулатор Casio“.
Володин, несомнено горделив на „доказот“ кој го истакна, дури ја објави снимката од својот говор и на неговиот Телеграм канал.
Иронијата е уште поголема што Диела навистина постои, но не е корумпиран министер на ЕУ. Албанија во септември ја претстави „првата министерка за вештачка интелигенција во светот“, наречена Диела. Таа е модел на АИ интегриран во владината веб-страница за јавни набавки, со задача да ги прегледува договорите и да блокира сомнителни зделки како дел од антикорупциските мерки на земјата.
Како приказната стигнала до самиот врв на руската политика? Пред да допре до Володин, сатиричниот текст на NewsBar бил преземен и ширен од неколку гигантски руски новински канали на Телеграм, од кои секој има стотици илјадници следбеници. Се претпоставува дека токму таму, Володин или некој од неговиот тим, ја прочитал „ексклузивната вест“ и ја прифатил како чиста вистина.
Ова не е првпат хрватската сатирична сцена да заврши во медиумите како ексклузивна вест Некои од каналите, по првичната грешка, подоцна ги отстранија своите објави, обидувајќи се да ја покријат трагата. Други, пак, се ограничија на тоа напоменаа дека целата работа е всушност само сатира.
Да се потсетиме на октомври 2025 година, кога приказната за змија која наводно каснала Хрват, а потоа умрела од труење со алкохол, собра милиони прегледи и, што е најшокантно, беше пренесена како вистинска вест во руските медиуми.
Интересно е што дури и таа „ексклузивна вест“ потекнува од креативната работилница на NewsBar и е првпат објавена уште во 2020 година, докажувајќи ја моќта на виралноста и опасноста од некритичкото пренесување на информации.
Балкан
Вучиќ повикува на заеднички европски пат за целиот Балкан
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, влезе во дипломатска преписка со српскиот претседател Александар Вучиќ околу европската иднина на Западен Балкан, најавувајќи дека Подгорица не планира да чека никого.
Спајиќ изрази делумна согласност со предлогот на Вучиќ целиот регион истовремено да влезе во Европската унија (ЕУ), но со јасна и самоуверена порака: Црна Гора својот влез го гледа веќе во 2028 година.
„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа X, пренесува Анадолија.
Само еден ден претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот BELTALKS во Белград ја лансираше идејата за колективен прием на сите земји од Западен Балкан, тврдејќи дека тоа е најдобрата опција за стабилност и решавање на отворените прашања.
„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме тогаш со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, запраша Вучиќ, потенцирајќи дека заедничкиот прием би бил најголем придонес за стабилноста на регионот и Европа.
Вучиќ најави дека оваа идеја ќе ја покрене на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Сепак, одговорот на Спајиќ сугерира дека Црна Гора, како предводник во преговорите, не е подготвена да го забави своето темпо и испраќа директен предизвик до другите балкански земји да го следат нејзиниот пример.
Трендинг
-
Црна Хроника7 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Црна Хроника3 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Балкан3 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Република6 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Црна Хроника5 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!
-
Црна Хроника15 hours agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Скопје6 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Економија3 days agoКинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка















