Горанчо ги освои срцата: Тој е вистински херој, се понуди да волонтира во Ковид Центар, да ги замени уморните здравствени работници

Наспроти делегираното херојство на пратеничката од СДСМ Бисера Стојчевска за гласање во Собранието иако Ковид позитивна, вистинско херојство не лажна политичка глупост е чинот на Велешанецот Горанчо Крстиќ кој пред неколку месеци беше позитивен на Ковид-19 и мораше да биде хоспитализиран во болницата во Велес. Тој и самиот беше сведок и можеше да види колку напор и енергија вложува медицинскиот персонал за да ги спасат сите оние кои се заразиле со коронавирусот и се борат за својот живот.

Крстиќ вели дека целиот медицински персонал во земјава е преморен, па упатува јавен повик до менаџментот на болницата во Велес доколку е потребно, за време на викендите веднаш да биде повикан и да биде ставен во фунција, се со една цел да им помогне на здравствените работници кои деноноќно се борат за пацинетите заразени со Ковид-19.

„Јас, Горанчо Крстиќ од Велес, се нудам за помош да волонтирам во сабота и недела во ЈЗУ Општа болница Велес со оглед на тоа дека здравствените работници се уморни“, вели Горанчо Крстиќ.

Тој ги повика сите оние кои се во можност и оние кои го прележале вирусот заеднички да се стават на располагање и да им помогнат на здравствените работници во овие тешки моменти додека да стивне вирусот.

Иако бројот на новозаразени пациенти е во благо намалувње, сепак здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна -пренесува порталот батали.нет.