Connect with us

Инфо +

Ремек дела се појавија и во Тетово! (Фото)

Published

on

Обележувањето на велосипедската патека во Тетово, повеќе ги загрозува животите на граѓаните кои сакаат да возат велосипеди отколку што обезбедува слободен пат за нив. Вака Јусуф Лазими, професионален велосипедист, го коментира обележувањето на патеката.

„…. патеките се направени без стандарди. Не дека ние сме којзнае каква развиена земја, но самиот факт дека тие се направени без стандарди, не е добро смислено. Веднаш до патеката за велосипедисти има паркинг за автомобили, ова не нуди ниту простор за маневрирање ниту за претекнување на велосипедист, бидејќи според стандардот мора да биде најмалку еден метар и дваесет ширина, за да се обезбеди место за маневрирање. Што ако дете помине таму со одредена брзина кога паркираниот автомобил може да ја отвори вратата“, реагира Јусуф Лазами, велосипедист-пренесе Алсат.

Македонија

Македонија со триумф против Катар – Се подготвуваме за Франција!

Published

on

Македонската ракометна репрезентација продолжува со фантастични настапи на Светското првенство 2025! Во возбудлив и динамичен натпревар, нашите лавови го совладаа Катар со 39:34 во втората фаза од натпреварувањето.

Со оваа победа, Македонија ја продолжува својата серија на успешни настапи и покажува дека има тим кој може да се носи со најдобрите.

Следниот предизвик е Франција, еден од фаворитите на турнирот. Со ваков тимски дух и борбеност, Македонија одново докажува дека е подготвена за големи подвизи.

Одиме до крај, лавови! Македонија е со вас!

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Рекорден број вакцинирани против сезонски грип во Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети матичната здравствена установа, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, каде што беше информиран за актуелните активности и идните планови за развој на овој регионален центар. Директорката на установата, М-р Д-р Светлана Поповска Кљусева, го запозна градоначалникот со важноста на Центарот во справувањето со новите предизвици во јавниот здравствен сектор.

Во контекст на актуелната епидемиолошка состојба со сезонскиот грип, статистиката покажува дека годинава во Битола има помал број на пријавени случаи со симптоми на грип во споредба со истиот период минатата година. Пикот на заболени се очекува во текот на февруари.

Центарот за јавно здравје располага со доволно тестови за потврда на вирусот на грип и за останатите респираторни заболувања. Дополнително, оваа сезона се аплицирани над 8000 вакцини против сезонскиот грип, што претставува рекорден број вакцинирани во споредба со претходните години.

„Горд сум што Битола има ваков регионален центар кој се грижи за здравјето на граѓаните. Рекордниот број на вакцинирани и навременото справување со епидемиолошките предизвици се доказ за успешната работа на Центарот,“ изјави Коњановски по посетата.

Очекувањата се дека со вакви проактивни мерки, Битола успешно ќе го преброди пикот на сезонските заболувања.

Continue Reading

Македонија

Билал Касами ќе се кандидира за уште еден мандат во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, објави дека ќе бара уште еден мандат на претстојните локални избори. Со најавата, Касами потврди дека ќе се фокусира на продолжување на започнатите проекти и унапредување на условите за живот во општината.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк