Ремек дела се појавија и во Тетово! (Фото)

Обележувањето на велосипедската патека во Тетово, повеќе ги загрозува животите на граѓаните кои сакаат да возат велосипеди отколку што обезбедува слободен пат за нив. Вака Јусуф Лазими, професионален велосипедист, го коментира обележувањето на патеката.

„…. патеките се направени без стандарди. Не дека ние сме којзнае каква развиена земја, но самиот факт дека тие се направени без стандарди, не е добро смислено. Веднаш до патеката за велосипедисти има паркинг за автомобили, ова не нуди ниту простор за маневрирање ниту за претекнување на велосипедист, бидејќи според стандардот мора да биде најмалку еден метар и дваесет ширина, за да се обезбеди место за маневрирање. Што ако дете помине таму со одредена брзина кога паркираниот автомобил може да ја отвори вратата“, реагира Јусуф Лазами, велосипедист-пренесе Алсат.