Кошаркарот за кој Српче се правдаше дека го сместувал синоќа, не дошол вчера во Македонија

Извештаи од кошаркарски меч на КК Работнички покажуваат дека играчот поради кој вчера градоначалникот на Центар седеше во ресторан во полициски час во земјава дошол предходно.

Уште на 17 април играчот кого вчера Богдановиќ наводно го сместувал откако тој дошол во Скопје во полициски час одиграл меч за КК Работнички против КК Гостивар.

Официјално Аска е играч на Работнички од 8 април.

Зошто вчера Богдановиќ повторно го пречекувал и сместувал црномурестиот кошаркар градоначалникот не открива во неговите обраќања кон јавноста.

Според инспекцијата Богдановиќ не можел да биде казнет затоа што вчера преспал во хотелот во чиј ресторан беше снимен за време на полициски час.