Драма пред Кривичен: Избега лице спроведено до судот

Лице кое утринава е спроведено до Кривичниот суд успеало да и избега на затворската полиција, потврдија од Министерството за правда

Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, велат од Министерството за правда.