Филипче со изјава за воведување нови мерки за Велигден – Ќе имаме ли полициски час?

Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека мерките кои сега се на сила даваат резултати и дека е намален бројот на позитивни случаи но исто така нагласи дека во овој период мора да бидеме исклучително внимателни.

Филипче за телевизија Сител истакна дека зависно од бројот на нови случаи и хоспитализации, следната недела ќе се носи одлука дали полицискиот час и рестриктивните мерки ќе останат и за време на празниците.

Уште еднаш повика за пријавување за имунизација додаде дека динамиката на примање на дозите ќе биде забрзана кога ќе пристигнат кинеските 200 000 дози.