Connect with us

Забава

Офф Нет со акција: Залепи го „Мрме“ наместо „Северна“

Published

on

На страницата број 42 на Панини албумот каде што се наоѓа македонската фудбалска репрезентација, нешто е вишок, а друго фали, па еден читател ни даде идеја како тоа да го решиме – пишува Офф нет мк.

Да испечатиме сликици со ликот на Мрме и да ги делиме наоколу.  Предлогот прифатен! Поради заштитена марка нема да може да биде Панини и да го има официјалното лого на ЕП 2020, ама сè друго е исто.

Еве го селекторот кој нема зошто да се двои од неговата верна банда со која го оствари историскиот успех. Спремен е за лепење на местото на глупото „Северна“.

Испечативме неколку илјади сликици со Мрме кои се пуштени по трафиките, а ако некој се занимава со дистрибуција и по другите места во Македонија и сака да учествува во оваа акција за покривање на грдотијата со човекот кој заслужил ликот да му стои до името на нашата татковина, нека ни пише на меилили на Фејсбук, ќе се договориме да му дадеме пачки и да ги подели – велат од Офф нет.

п.с. Немој некој да ви барал пари за сликица, ги имаме дадено бесплатно – пишуваат од тимот на Офф нет мк.

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк