Connect with us

Инфо +

Просечна плата од 27 948 денари, за просечната сиромаштија ?

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2021 година

среда, 21 април 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27 948 денари.

Advertisement

Балкан

Евзони под блокада: Граница затворена за сите возила

Од 18:40 часот Граничниот премин Евзони е целосно затворен за сите видови возила кои сакаат да влезат во Грција, соопшти АМСМ. Исклучок се прави само за камиони што веќе се наоѓаат во меѓуграничниот простор.

Причината за блокадата се протестите на грчките земјоделци, кои веќе неколку недели организираат масовни блокади на повеќе патни правци во земјата. Земјоделците изразуваат незадоволство и со овој радикален потег го изразуваат својот револт кон владејачките политики.

Иако на влезот кон Грција сообраќајот е стопиран, камерите на преминот Богородица покажуваат дека на излез од Македонија нема чекање – возилата слободно поминуваат кон границата.

Сообраќајот во овој момент е во потполна застојна состојба, а граѓаните и превозниците се соочуваат со неизвесност околу продолжувањето на преминот.

Continue Reading

Свет

Русија во одбрана на Венецуела: помош за Каракас против санкциите на САД

maduro

Русија јавно ја демонстрираше својата поддршка за Венецуела во услови на засилен притисок од САД, откако шефовите на дипломатиите на двете земји, Сергеј Лавров и Иван Хил, остварија телефонски разговор.

Како што соопшти Хил преку својот Телеграм канал, Лавров истакнал дека Москва е подготвена да ѝ обезбеди на Венецуела сеопфатна соработка и цврста поддршка во спротивставувањето на, како што беше наведено, нелегитимните притисоци и блокадата од страна на САД. Притоа, Русија ја потврдила и својата целосна поддршка за активностите на Каракас во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува РИА Новости.

Во текот на разговорот била анализирана и безбедносната состојба во карипскиот регион, при што било укажано на, како што ги оценува Каракас, агресивните потези на Вашингтон и сериозните прекршувања на меѓународното право. Меѓу нив се наведуваат напади врз бродови, вонсудски ликвидации и акти на пиратство, за кои венецуелските власти директно ги обвинуваат САД.

Лавров, според соопштението, остро ја осудил ваквата практика, нагласувајќи дека таквите дејствија се недозволиви. Тој изразил силна солидарност со народот на Венецуела и потврдил дека Русија ќе продолжи да ја поддржува земјата во напорите за зачувување на регионалниот мир и почитувањето на принципите на меѓународното право.

Од друга страна, САД своето засилено воено присуство во Карибите го оправдуваат со борбата против трговијата со дрога. Сепак, во текот на септември и октомври, американските вооружени сили повеќепати уништуваа бродови во близина на венецуелскиот брег, за кои тврдат дека биле вклучени во шверц на наркотици — потези што Каракас ги оценува како закана за својот суверенитет.

Continue Reading

Свет

Трамп ја отфрла приказната за минералите: Вистинската причина за интересот за Гренланд е безбедноста

grenland

Доналд Трамп повторно ја отвори чувствителната тема за Гренланд, тврдејќи дека САД „мора да го имаат“ островот од причини на национална безбедност – изјава што предизвика силни реакции во Данска и на самиот Гренланд. Тензиите дополнително се зголемија откако Трамп назначи специјален пратеник за островот, улога што ќе ја преземе гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, познат како близок сојузник и истомисленик на поранешниот американски претседател.

„Лендри ќе ја предводи промената“, порача Трамп, оставајќи малку простор за двоумење околу неговите намери.

Гренланд, стратешки позициониран меѓу Европа и Северна Америка и богат со минерални ресурси, претставува клучна точка за американскиот систем за рана одбрана од балистички ракети. Но Трамп инсистира дека економските интереси не се во прв план.

„Не ни треба поради минералите, туку поради безбедноста. Ако го погледнете Гренланд, ќе видите руски и кинески бродови по должината на брегот. Ни треба за национална безбедност. Мораме да го имаме“, изјави тој.

Острите изјави од Вашингтон наидоа на јасен и недвосмислен одговор од Копенхаген и Нук. Данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, во заедничка изјава нагласија дека иднината на островот не е предмет на преговори.

„Не можете да анектирате друга земја, дури ни под изговор на меѓународна безбедност. Гренланд им припаѓа на жителите на Гренланд и САД нема да го преземат“, порачаа тие.

По враќањето во Белата куќа, Трамп го реактивира својот долгогодишен интерес за најголемиот остров во светот, одејќи дотаму што одби целосно да ја исклучи и можноста за употреба на сила за воспоставување контрола врз оваа полуавтономна данска територија. Гренланд, со околу 57.000 жители, од 2009 година има право да прогласи независност од Данска – идеја што ја поддржува мнозинството од локалните политички партии.

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, ја оцени ситуацијата како сериозно нарушување на сојузничките односи.

„Одеднаш се појавува специјален пратеник на американскиот претседател, кој, според неговите зборови, е задолжен да го преземе Гренланд. Ова е целосно неприфатливо. Нашите долгогодишни сојузници нè ставаат во исклучително тешка позиција“, изјави Расмусен.

Контроверзните потези на Трамп повторно ја отвораат дебатата за суверенитетот, безбедноста и геополитичките амбиции на Арктикот – регион кој станува сè поважен на глобалната сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг