Утре ќе се вакцинираат пратениците!

Министерството за здравство соопшти дека утре во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид-имунизација.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот. На 14 овој месец беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, во согласност со Националната стратегија, таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.