Connect with us

Инфо +

Хорор откритие во викендицата на Беливук: Полицијата пронајде машина за мелење месо во таен подрум!

Според неофицијални информации, полицијата во тајниот бункер во викендичката на Вељко Беливук во Ритопек пронашла голема индустриска машина за мелење месо.

Полицијата се сомнева дека опремата била користена за монструозно отстранување на делови од телото на убиените противници на озлогласениот клан Беливук.

Ова укажува на ужасните методи на тортура што ги користеле соработниците на Веља против киднапираните ривали – пишуваат српските медиуми денеска според информации на полицијата.

Денеска исто такаа имаше драма во келијата каде што е лидерот на кланот, според информациите него му се слошило па доктори морале да интервенираат.

Свет

Меѓусебни напади со дронови меѓу Русија и Украина: Гори хемиска фабрика во Русија

Русија и Украина во текот на ноќта извршија масовни меѓусебни напади со беспилотни летала, при што во Русија беа пријавени пожари, прекини на струја и греење, а во Украина удари на повеќе локации.

Руските власти соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 94 украински дронови над седум региони. Најголем дел од нив биле соборени над Ростовската, Белгородската и Воронешката област, како и над Самарската и Астраханската област, Каспиското и Азовското Море.

Во градот Орјол, според локални извори, дронови ја погодиле термоелектраната-топлана, што довело до прекини во снабдувањето со греење, струја и топла вода. Локалните власти потврдија дека поради ситуацијата е прекината наставата во училиштата и градинките во еден дел од градот.

По нападите избувна и пожар во хемиската фабрика „ТолјатиАзот“ во Самарската област, една од најголемите фабрики за производство на амонијак во светот. Пристапните патишта кон фабриката биле затворени, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.

Прекини на електричната енергија се пријавени и во Ростовската област, каде што, според регионалните власти, биле оштетени далекуводи и цивилни објекти во неколку населени места. Повредени лица, според официјалните информации, нема.

Истовремено, руските сили во текот на ноќта лансирале околу 160 беспилотни летала кон Украина, меѓу кои и дронови од типот „Шахед“. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека успеала да собори или електронски да онеспособи 108 дронови, но и покрај тоа биле регистрирани погодоци на 23 локации.

Украинските власти предупредија дека нападите продолжуваат и дека дел од руските дронови и понатаму се наоѓаат во воздушниот простор на земјата.

Continue Reading

Европа

Два милиони прашања за Путин: Русите ја очекуваат годишната прес-конференција

Владимир Путин денеска ќе застане пред микрофоните во Москва за својата традиционална годишна прес-конференција, соочувајќи се со низа прашања од домашни и странски новинари. Настанот, кој обично трае часови, ќе биде следен внимателно, додека рускиот лидер одговара на најразлични теми, од внатрешната политика до меѓународните односи, јавува ДПА.

Оваа година медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која граѓаните на Русија имаат можност директно да се обратат до шефот на Кремљ, да ги изложат своите проблеми и да побараат конкретни решенија. Руски државни медиуми најавуваат дека однапред пристигнале над два милиони прашања.

Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека Путин од средата се подготвува за големиот настан. На дневен ред ќе бидат многуте предизвици со кои се соочува земјата – сиромаштијата, социјалните тешкотии, поплаките за здравствениот систем и лошата инфраструктура. Настанот ќе се пренесува низ цела Русија, како на телевизија, така и преку интернет платформи.

Неизбежно, во фокусот ќе биде и војната во Украина, односно руската инвазија започната на 24 февруари 2022 година. Путин традиционално го користи овој телевизиски настан за да се прикаже како грижлив лидер и решавач на проблеми. Минатата година, прес-конференцијата траеше речиси четири и пол часа.

Continue Reading

Балкан

Бугарските улици повторно преплавени со масовни демонстрации

sofija

Синоќа Софија и градовите ширум Бугарија беа преплавени од илјадници граѓани кои изразија гнев и незадоволство од власта, барајќи фер избори и независно судство способно да се бори против длабоко вкоренетата корупција.

Овие масовни демонстрации дојдоа по минатонеделните протести против контроверзниот буџетски план за 2026 година, кој предвидуваше повисоки даноци и зголемени владини трошоци. По бурните реакции, владата го повлече планот, но притисокот од улиците ја принуди да поднесе оставка, исполнувајќи го клучниот услов на граѓаните.

Сега Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа без буџет и редовна влада, на само неколку недели пред историското приклучување кон еврозоната на 1 јануари, кога ќе стане 21-та членка на еврозоната и ќе воведе еврото како официјално средство за плаќање.

Претседателот Румен Радев наскоро ќе назначи привремена влада и ќе закаже предвремени избори – веќе осми по ред од 2021 година.

Демонстрантите не бараат само оставки – тие инсистираат на избори кои нема да бидат компромитирани со манипулации, купување гласови и фалсификување резултати, како што се случи во претходните изборни циклуси.

Во центарот на гневот е влијателниот олигарх Делјан Пеевски, кој е под санкции од САД и Велика Британија. Неговата партија, Алијанса на права и слободи, ја поддржа коалицијата на партијата ГЕРБ предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, што само го засили чувството на незадоволство меѓу граѓаните.

Народот бараат слободни и фер избори, без манипулации, купување гласови и изборни фалсификати кои ја обележаа претходната кампања. Главната причина на нивната фрустрација е влијанието на олигархот Делјан Пеевски, санкциониран и од САД и од Велика Британија, чија што партија – Алијанса на права и слободи – го поддржа коалицискиот владин блок предводен од поранешниот премиер Бојко Борисов.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг