Connect with us

Инфо +

Какво време не очекува викендов и следната недела?

Published

on

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Свет

Трамп со закани: Дали е на повидок нова војна?

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остро предупредување до Иран, нагласувајќи дека „работите ќе тргнат на лошо“ доколку не биде постигнат нов нуклеарен договор. Неговата изјава доаѓа еден ден откако Техеран потврди дека одговорил на писмото на Трамп, во кое тој повикува на преговори.

„Претпочитам да постигнеме договор со Иран. Но, ако тоа не се случи, работите ќе станат непријатни за Иран“, изјави Трамп, оставајќи простор за дипломатско, но и за можеби поагресивно сценарио.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Арагчи, потврди дека Техеран одговорил на писмото, но не ја обелодени неговата содржина.

„Писмото на Трамп содржеше како закани, така и апели за дипломатија. Нашиот став останува јасен – нема директни преговори со САД под закани и максимален притисок. Но, индиректни контакти, како и досега, се можни“, изјави Арагчи.

Иран веќе неколку години значително ја унапредува својата нуклеарна програма, а според извештаите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), моментално поседува резерви од 60% збогатен ураниум – доволни за производство на шест нуклеарни бомби доколку тој ураниум се збогати до 90%.

Додека САД бараат нов договор, Иран предупредува дека секој воен напад ќе има последици. Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф, јасно порача дека „доколку САД преземат воена акција против Иран, нивните сојузници во регионот и воените бази ќе станат небезбедни“.

Останува да се види дали предупредувањата на Трамп се дел од стратегија за враќање на Иран на преговарачка маса или најавуваат нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Continue Reading

Свет

Атентат или случајност? Луксузен автомобил од флотата на Путин експлодира – дали тој бил мета?

Published

on

На снимката што се дели на социјалните мрежи се гледа возило „аурус сенат“, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на плоштадот Лубјанка.

Луксузна лимузина „аурус“ за која се верува дека е дел од службениот возен парк на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше во центарот на Москва. На снимката што се дели на социјалните мрежи се гледа возило „аурус сенат“, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на плоштадот Лубјанка.

Се верува дека автомобилот припаѓа на возниот парк на Претседателската канцеларија за управување со имот, која е задолжена за имотот на Кремљ. На снимката се гледа како пожарот од моторот се проширил во внатрешноста на возилото. Не е познато кој бил во автомобилот во моментот на експлозијата. Според достапните информации во инцидентот нема повредени или загинати.

Претседателот Путин (72) редовно користи руски лимузини „аурус“, а една од нив неодамна му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Европа

Путин даде зелено светло: Претставена новата нуклеарна подморница, единствената подморница на светот способна за вакво нешто

Published

on

Претседателот на Русија, Владимир Путин, присуствуваше на лансирањето на новата нуклеарна подморница во Мурманск, која е опремена со хиперсонични ракети Циркон. Подморницата, именувана по градот Перм во Урал, е прва која е вооружена со овие напредни ракети, кои имаат дострел од 1.000 километри и летаат деветпати побрзо од звукот.

Путин изјави дека Русија продолжува да развива модерни ракетни подморници, а ова е петта подморница во рамките на проектот „Јасен-М“. Тој нагласи дека следната година се очекува подморницата да стане дел од руската морнарица и да започне да извршува борбени задачи.

Претседателот најави зајакнување на руската воена морнарица со најсовремено оружје, технологии и комуникациски системи. Според него, новите подморници и бродови ќе ја зајакнат безбедноста на поморските граници на Русија, особено на Северниот морски пат. Ова ќе биде од клучно значење за зачувување на националните интереси на Русија во различни делови на Светскиот океан, вклучувајќи го и Арктикот, кој денес има големо економско и стратешко значење, особено во контекст на зголемената глобална конкуренција.

„Ќе продолжиме да работиме на тоа да го заштитиме територијалниот интегритет и суверенитет на Русија и да го консолидираме нејзиниот статус како водечка поморска сила“, изјави Путин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк