Connect with us

Инфо +

Павле Трајанов ЛУТ ЗОШТО ГО ВАКЦИНИРАЛЕ СО РУСКАТА ВАКЦИНА, а не со Фајзер

Published

on

Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз и пратеник се налути зошто го вакцинирале со Спутник В, а не со Фајзер.

Според него пратениците биле дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор.

– Пратениците се насочени да се вакцинираат со Спутник. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со Фајзер, и министерот ја менува со Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса, реагираше Трајанов откако ја прими вакцината.

Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници, но не смеат да го искажат откако ја примија.

– Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, нагласува Трајанов кој е скептичен дека со доцнењето и со ваквото темпо на вакцинација ефектите ќе бидат минимални за стекнување на колективен имунитет, рече тој.

Инфо +

Поддршка од македонските парламентарни партии за Македонците во Албанија

Published

on

Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Знаете, основа е економската ситуација. Ако нашинците, Македонците во Албанија имаат добра економска ситуација нема да земаат бугарски пасоши и да се иселуваат надвор. Ние мораме да работиме и со албанската Влада, што е многу важно, да инвестира во овој регион. Инфраструктурно, во проекти за вработување, да се градат погони, вели заменик министерот Димитровски.

Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија, на средбата во Корча порача дека ако, до вчера говоревме дека основните човеков права, треба да важат и за „нашинците“ во другите региони а не само во регионот на Мала Преспа, денес говориме дека нашинците се соочуваат со притисоци и закани од една многу агресивна политика, а тоа е политика за асимилација.

За оваа агресивна политика, Амбасадата во Тирана во минатото, секојдневно известуваше и предлагаше мерки за натамошно делување, со цел спречување на активностите на бугарските емисари. Одржани се средби со албанските институции, од Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), Институтот за статистика (ИНСТАТ), МВР….и во соработка со МАЕИ и лидерот Васил Стерјовски, се издејствува апсење и притворање на неколку општински службеници во Албанија, рече Спахиу.

Според него преку 400 страници материјали се доставени до македонските институциите, остварени се десетици состаноци со албанските институции, десетици медиумски реакции на МАЕИ, но сето тоа, како што рече, не вродило со посакуваниот резултат.

Апсењето на општинските службеници е без епилог, резултатите на пописот се разочарувачки, а иднината на нашинците е непредвидлива. Како македонско – дипломатско претставништво, во текот на месец февруари, планираме да ги повториме иницијативите за отворање на Генерален конзулат во Корча и заокружување на барањата за државјанства на припадниците на македонското национално малцинство од Албанија, најави Спахиу.

На средбата на која присуствуваа претставници на макеонските парламенатрни партии, како претставник од владеачаката ВМРО-ДПМНЕ во Корча беше пратеничката Лидија Петровска.

Горда сум што од другата страна на границата имаме луѓе што достоинсвтено и гордо се борат за зачувување на сопствениот национален идентитет, за македонскиот јазик, македонската култура и македонската традиција. Ние како држава ќе сториме се за да бидеме нивна поддршка на патот кон зачувување на своето достоинство, вели Петровска.

На средбата во Корча присуствуваше и потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, кој кажа дека кога партијата беше на власт силно ги поддржуваше Македонците во соседна Албанија, но и сега во опозиција им даваат поддршка, бидејќи грижата за нашинците во дијаспората е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет, истакна Илиевски.

Со поддршка успеавме македонскиот јазик да се воведе на неколку универзитети во Албанија, се обезбедија учебници на македонски јазик и за прв пат успеавме да вратиме 20 украдени икони од македонските цркви. Реагиравме и за пописот во Албанија, кој за жал не ја отсликува соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. И како опозиција СДСМ силно ги поддржува и ќе продолжи да работи и да делува во нивни интерес и да се спротивствуваме на какви било обиди за асимилација, рече Илиевски во изјава за медиумите.

Предлог-стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија, беше презентирана на денешната средба во Корча, организирана од македонската партија, МАЕИ, со претставници на македонските парламентарни партии, која, како што сe наведува, има за цел да дефинира долгорочни мерки и активности за поддршка на македонското национално малцинство во Албанија преку институционални, дипломатски, културни и економски механизми.

Македонското национално малцинство во Албанија е составен дел од македонскиот народ, со трајни историски, културни и духовни врски со својата матична држава. Зајакнувањето на неговата положба, правата и културниот развој е од стратешко значење за Македонија, со оглед на нејзините обврски како матична држава и согласно меѓународните универзални стандарди за заштита на националните малцинства, рече партискиот лидер Васил Стерјовски, при презентацијата на стратегијата и барањето поддршка за неа.

Дел од барањата содржани во стратегијата се и „формирање на Совет за поддршка на македонското малцинство како тело во рамките на Владата на Македонија кое ќе ги координира активностите за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија и создавање на Фонд за поддршка на македонските здруженија во Албанија – финансиска поддршка за организации кои работат на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик.

Се оценува меѓу другото дека оваа предлог-стратегија треба да послужи како основа за изработка на долгорочен план, кој ќе вклучува годишни програми за заштита и унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија.

Нејзината реализација треба да започне со усвојување на обврзувачка декларација во Собранието на Република Македонија, по можност поддржана од сите политички партии. Доколку не се преземат итни и одлучни мерки, процесот на асимилација на Македонците во Албанија ќе продолжи со истата жестина како досега. Дополнително, бугаризацијата, која во последниот период се засили, ќе добие уште поголем замав, загрозувајќи го идентитетот и опстојувањето на македонската заедница во Албанија, се констатира во стратегијата.

Стратегијата, како што информираат од МАЕИ, на денешната средба во Корча ја поддржале сите претставници на парламентарните политички партии, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Демократски сојуз и Левица. На средбата присуствуваа Лилјана Затуроска и Лидија Петковска од ВМРО ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ, Катерина Тодоровска од ЗНАМ, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Димитровски и Зоран Петров од Демократскиот сојуз и Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија.

Од страна на МАЕИ присутни беа претставници од областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, како и од градовите Корча, Подградец, Елбасан и Тирана.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Битола се гордее со своите ракометари

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше свечен прием за ракометарите од РК „Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет 2025 година. Првенството се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка, а македонските ракометари со својата игра уште еднаш го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.

Градоначалникот Коњановски им се заблагодари на спортистите за нивниот ангажман, истакнувајќи дека нивниот успех е од големо значење за градот и македонскиот спорт.

Признанија за битолските ракометари

На приемот, Коњановски им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на ракометарите:

• Филип Кузмановски

• Петар Атанасијевиќ

• Павле Атанасијевиќ

• Жарко Пешевски

• Ненад Костески

• Никола Митревски

Покрај тоа, тој изрази јавна благодарност и кон битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК „Алкалоид“.

„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, изјави Коњановски.

Поддршка за спортот во Битола

Ракометарите, споделувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката што ја добиваат од градоначалникот и Општина Битола.

Коњановски нагласи дека локалната самоуправа останува посветена на поддршката на спортот и создавање подобри услови за спортистите во градот. „Ракометот е симбол на Битола, а ние ќе продолжиме да инвестираме во спортот и младите таленти кои ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена“, додаде тој.

Со оваа средба, уште еднаш беше потврдена посветеноста на Општина Битола кон развојот на спортот и вреднувањето на успесите на локалните спортисти.

Continue Reading

Македонија

Тимчо Муцунски во Австралија: Посветен на јакнење на врските со македонската дијаспора

Published

on

Во рамките на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на првиот натпревар од новата сезона на Престон Лајонс – еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Овој клуб претставува значаен симбол на спортската традиција на македонската заедница и е пример за негување на културните врски со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, од Мелбурн навивавме за тимот кој претставува гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ истакна министерот Муцунски во својата официјална објава на социјалните мрежи. Натпреварот го проследи заедно со истакнати македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е дел од пошироките напори на Владата за продлабочување на релациите со македонската заедница во странство, која има значајна улога во унапредувањето на билатералните врски и градењето на долгорочни партнерства. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Мелбурн, нагласувајќи дека верските објекти и заедници во дијаспората претставуваат клучен столб за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA) – која обезбедува индивидуализирана грижа за постари лица. Ова здружение, од организација посветена на потребите на македонската заедница, низ годините прерасна во една од водечките хуманитарни асоцијации во цела Австралија, која опслужува илјадници луѓе, а воедно дел од работните места ги отвора и во нашата земја.

Во разговорите беше потенцирана важноста на соработката со заедницата во дијаспората и поддршката на иницијативи кои придонесуваат за подобрување на благосостојбата на граѓаните со македонско потекло.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк