Connect with us

Инфо +

Петиција за поддршка на Пауновски, кој одби да вработи рамковни, а Заев го разреши

Откако премиерот Зоран Заев го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој одби во институцијата да вработи нови луѓе по рамковен договор,а со несоодветно образование, реагираат вработените во Инспекторатот, кои го делат истиот став со Пауновски.

Тие за директорот велат дека тој сака само професионализам и благодарение на него институцијата добила реноме и дигнитет.

Портпаролката на Пазарната инспекција, Александра Котели, за ММС вели дека сите вработени стојат зад ставот на Пауновски и дека веќе се собира петиција за промена на одлуката за негово разрешување.

Во историјата на постоењето на Пазарниот инспекторат не се случило да постои таков кадарен личен, морален и етички капацитет како што е Пауновски. Условите кои ги создаде Пауновски во само три години се услови кои ќе ги користат вработените уште многу години во иднина. Од набавка на возила, реконструкција на објекти, како и зголемување на број на кадар. Квалитетот на институцијата, реномето го издигна на многу високо ниво, а за тоа говорат и големиот број резултати. Она што во моментов се случува е процес на потписи на голем број инспектори на петицијата со цел да имаме средба со премиерот Зоран Заев за да го слушне мислењето и ставот на вработените како функционира нашата институција и разликите пред и по Пауновски. Верувам дека нашиот глас ќе биде слушнат. Ова се случи ненадејно и имаме потполна подршка од сите вработени – вели Котели.

Балкан

Фарма нуди плата од 900 евра, но не може да најде работници

Најголемите фарми за добиток во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ја и „Арифагиќ Инвестмент“ од Козарац, се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила. Сопственикот Јусуф Арифагиќ вели дека веднаш би вработил тројца нови работници за молзеница и за работа во шталата, но е сè потешко да се најдат лица со основни познавања потребни за современа фарма.

Работниот режим е организиран по систем „два дена работа, два дена одмор“. Работниците почнуваат во 6:00 часот и работат до 13:30, а потоа повторно од 18:00 до 21:30 часот. Месечниот работен фонд ретко надминува 120-130 часа, а платата изнесува околу 1.500 КМ (околу 766 евра) со топол оброк од околу 250 КМ (околу 127 евра), што вкупно дава приближно 900 евра.

Арифагиќ објаснува дека млекарскиот работник треба да има основни познавања за здравјето на кравите, додека другите извршуваат класични задачи за одржување на шталата. Фармата во Козарац моментално има околу 700 грла говеда и 14 вработени, додека во Петровац работат уште тројца. Претходно фармата вработувала 29 луѓе, но дел од нив веќе не работат, пишува „Каматица“.

Continue Reading

Свет

Советник на Путин: Русија може да ја повлече војската од Донбас

Висок функционер на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека руската полиција и Националната гарда ќе продолжат да го следат Донбас и да обезбедуваат ред дури и ако мировниот договор стави крај на речиси четиригодишната војна на Русија против Украина.

Ушаков ја потенцира амбицијата на Москва да задржи присуство во индустриски важниот регион по завршувањето на конфликтот, што веројатно ќе биде отфрлено од Украина, додека преговорите предводени од САД продолжуваат без јасен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили повторно освоија неколку населби во близина на Купјанск, во североисточната Харковска област, по неколкумесечна операција за враќање на териториите под нивна контрола. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека украинските сили се опколени, обидувајќи се да ја прикаже Русија како страна што преговара од позиција на сила.

Ушаков истакна дека прекин на огнот ќе биде одобрен само по повлекувањето на украинските сили од фронтот и дека е возможно по завршувањето на војната во Донбас да нема воени сили, туку само полиција, Национална гарда и други служби за одржување на редот.

Американските преговарачи продолжуваат да ги усогласуваат барањата на двете страни, додека претседателот Доналд Трамп инсистира на брз крај на конфликтот. Клучното прашање останува кој ќе ја контролира територијата освоена од руските сили, додека Русија тврди дека Донбас е нејзина територија без разлика на исходот од мировните преговори.

Continue Reading

Свет

САД ја укинаа економската блокада, Белорусија ги ослободи опозициските лидери

Белорусија ослободи 123 политички затвореници, меѓу кои и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова и добитникот на Нобелова награда за мир, Алеш Бјалацки. Овој чекор следеше по договорот со Соединетите Американски Држави за укинување на санкциите врз земјата, пренесува Би-Би-Си.

Ослободувањето се случи по преговорите во Минск со Џон Кол, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија. Како дел од договорот, САД се обврзаа да ги укинат санкциите врз извозот на поташ, кој е клучна компонента за белоруската индустрија за ѓубрива.

Марија Колесникова помина пет години во затвор, голем дел од времето во самица. Нејзината сестра Татјана ја потврди веста откако успеа да разговара со неа преку видео повик.

Се очекува групата ослободени затвореници наскоро да пристигне во Вилнус, каде што голем број граѓани веќе се собираат пред американската амбасада за да ги пречекаат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг