Connect with us

Инфо +

Од Белград до Скопје со воз ќе се патува за три и пол часа!

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево, јави дописникот на МИА од Белград.

Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Северна Македонија, изјави Вучиќ.

-Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.

Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе бидат подарени пари од ЕУ.

-Над 600 милиони бесплатни пари, дури и ако се работи за варијанта со 35 отсто, за фантастичниот проект што не поврзува со Скопје, Солун, Атина….Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, изјави Вучиќ.

Тој им се заблагодари на луѓето од ЕУ, потенцирајќи дека „ова е голема шанса за Србија и голема надеж“, најавувајќи проекти кои „драстично ја менуваат земјата“.

Кога станува збор за пругата, тој изјави дека ќе се гради комплетна пруга од Ниш до Прешево, што е тешко, особено во Грделичката клисура.

Верувам дека од Белград до Скопје, со сите станици, ќе се патува нешто повеќе од 3 часа, околу 3 часа и 30 минути до Скопје од главниот град на Србија. Со авион не можете побргу да стигнете. Ова се неверојатни промени, изјави претседателот на Србија

Тој прецизираше дека се дискутирало за пет варијанти, а Србија ја прифатила варијантата 4, каде цената е 1,766 милијарди евра до Ниш, со најмалку 600 милиони помалку, бидејќи ЕУ ќе даде толку.

Според него, инвестирањето во Србија ќе придонесе за раст на животниот стандард.

Претседателот на Србија потоа објави мапи на новата железничка инфраструктура во Србија.

-Тоа ќе значи многу, не само за превоз на луѓе, туку и за стока, и не можев да ја сокријам возбудата од тоа, изјави српскиот претседател, оценувајќи дека ова е една од најважните работи што ќе ги постигне за време на неговиот мандат.

Тој изрази надеж дека договорот во врска со ова ќе биде потпишан наскоро и пренесе дека ја поканил Урсула фон дер Лајан да дојде во Србија и да види на лице место колку е важен проектот.

Свет

Работите се менуваат? На повидок љубов помеѓу Москва и Вашингтон: “Отсега ќе поразговараме на поинаков начин”

Published

on

Во меѓувреме, додека Дмитриј Песков најавува топли односи помеѓу Вашингтон и Москва, руските сили ги заострија веќе засилените борбени активности во источна Украина.

Главниот портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков изјави во телевизиско интервју дека неодамнешните телефонски разговори помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, значат дека Москва и Вашингтон отсега ќе разговараат за мир, а не војна.

“Тие испратија силна порака дека отсега ќе се обидуваме да ги решаваме проблемите со дијалог. И отсега ќе зборуваме за мир, а не војна.

Според Песков, ставовите на Трамп треба да се прифатливи за секоја личност со здрав разум. Изјави и дека целосно недостасувала комуникација со претходната американска администрација.

Путин и Трамп во претходен телефонски повик разговараа за запирање на непријателството во Украина, билатералните односи и некои други теми. Претседателите се согласија да останат во контакт и договорија состанок лице во лице.

Во меѓувреме, Русија ги засили нападите во Украина

Руските сили ги заострија веќе засилените борбени активности во источна Украина, а главните напади биле фокусирани во близина на важенниот логистички јазол Покровск, соопшти украинската војска.

Руските трупи веќе со недели напредуваат кон Покровск во склоп на целосен продор низ регионот Доњецк во источна Украина, зазимајќи низа села.

Речиси третина од сите борби биле концентрирани во близина на Покровск. Руските сили ги напаѓаат украинските позиции од сите страни во обид целосно да ги отсечат.

Continue Reading

Европа

Русите напaднаа топлана во Украина: 100.000 луѓе оставени без греење на минусни температури

Published

on

Рускиот напад на топлана во Миколаив во јужна Украина остави повеќе од 100.000 луѓе без греење, известија украинските власти.

“Ова е уште еден јасен доказ дека Русија води војна против нашиот народ и живот”, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.

Премиерот Денис Шмихал објави на Телеграм дека нападот кој се случил во текот на ноќта имал за цел да ги “остави луѓето без греење на температури под нулата, со цел да се предизвика хуманитарна катастрофа”.

Штетата не можела да се санира денес. Шмихал изјавил дека локалните власти воспоставиле 67 локации за греење на жителите.

Украинските власти соопштија и дека започнале со поставување на три мобилни топлави во здравствените домови.

Continue Reading

Европа

Германија се најде во сериозни проблеми, бара помош од Европската унија: Не можеме да…

Published

on

Дали санкциите кон Русија од страна на Европската Унија имаа некакви резултати?

Германија бара помош од ЕУ: Цените на гасот растат со голема брзина.

Германија ја повикува Европската Унија да ги опушти своите регулативи за складирање гас поради зголемената цена на овој енергент, соопшти Министерството за економски прашања и клима на Германија.

Тие цели, кои се воведени како одговор на прекинувањето со снабдувањето на гас предизвикан од војната во Украина, бара од сите земји членки на Европската Унија повторно да ги пополнат своите складишта до 90% од капацитетите до ноември, пренесе Ројтерс.

Германија реагираше откако референтните европски цени на гасот оваа недела пораснаа на највисоко ниво во две години.

“Би поддржале помалку екстремни барања за складирање, бидејќи поголемата флексибилност може да обезбеди притисокот за полнење на сите складишта со гас подеднакво да се намали и да се нормализира кога цените на пазарот ќе се стабилизираат”, изјави портпаролот на германското министерство за економски прашања и клима.

За ова прашање се разговараше и на состанокот на претставниците на земјите од ЕУ и ЕК.

Германија, која има најголеми складишни простори во Европската унија, како и други земји, вклучувајќи ја Франција, изразија загриженост за целите на Европската Унија, кои диктираат задолжително купување на гас по повисока цена.

Складиштата на гас во ЕУ оваа недела паднаа на помалку од половина, после студеното време и намалената руска испорака, покажуваат податоците на организацијата Gas Infrastructure Europe (GIE).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк