Пауновски по разрешувањето: Простете им, не знаат што прават

Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Тој вели дека оваа одлука за него била очекувана.

„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања“, изјави за Телма,  Стојко Пауновски.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.