„Heмa пoтpeбa пoвeќe дa ни дoaѓaтe вo пoмoш, ќe изгинeмe зa Мaкeдoниja!“ и замолкна радиостаницата

 

Денеска се одбележуваат 20 години од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Хероите никогаш не умираат, е пораката која овој Велигден дел од граѓаните си ја разменуваат покрај честитките за празникот, во знак на сеќавање на осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ кои на 28 април 2001 година, од заседа, беа масакрирани кај тетовско село Вејце.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

May be an image of 7 people, people standing, military uniform and text

Осумтемина загинати барнители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Осуммината бранители маченички си го дадоа животот во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија…

Да се потсетиме на ликот и делото на ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, неговите последни зборови вечно нека им одѕвонува во ушите на оние кои ја продадоа патролата кај Вејце и ги испратија во маченичка смрт. Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки рани од кои некои се смртоносни. Четвртиот нивни колега Илче за време на заседата кај Вејце успеал да се повлече и да стигне до третото возило „хамер“, каде што заедно со ранетиот „волк“ Игор Костески давале отпор. Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле.

Кога Илче сфаќа дека патролата е предадена од македонски началници и дека намерно се пратени во смрт, уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница: НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.