На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео на кое се гледа момче како ја вознемирува и се изживува со лавицата Бела во скопската Зоолошка градина.
ЗОО најави пријава во полиција и зголемување на обезбедувањето.
-Во Скопје ЗОО доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, велат од ЗОО.