Connect with us

Инфо +

Урко се јави: Д-р Караџовски зошто сме селективно обесправени од другите контактни спортови?

Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата, Дејан Митровски-Урко, овој пат медиумски, се обраќа до др Караџовски – претседател на КЗБ со прашањето – Зошто индивидуалните спортови од кои еден е и кикбокс спортот се селективно обесправени во однос на другите контактни спортови??? Имено, сакаме да нагласиме дека ние комплетно ги поддржуваме сите спортови и спортисти воопшто, но чувствуваме потреба јавно да го изразиме нашиот револт во однос на селективната забрана за тренинг и натпревари само и само за индивидуалните спортови.

Посебно ја истакнуваме состојбата со работа на затворени трговски центри и шопинг молови, работа на казина, работа на базени, козметички студија и салони за разубавување, преполни автобуси, преполни продавници за храна и од денес секако повторно полни кафулиња и ресторани.

Истовремено сведоци сме на секојдневни тренинзи и натпревари во екипните и лига спортовите како што се: кошарката, ракометот, фудбалот и одбојката!!! Со ова јавно обраќање сакаме најпрво да добиеме прифатлив одговор од надлежните институции зошто сме дискриминирани и издвоени само ние и секако да направиме институционален притисок со цел да се тргне и нашата забрана за тренинг и натпревар!!! Ние сме еднакви со другите спортови и спортисти во однос на тренингот и натпреварите, еднакви сме и во поглед на придржување кон мерките и протоколите за тренинг и натпревари во услови на пандемија, и ние како и сите останати спортови и спортисти сме рамноправни претставници и амбасадори на нашата држава и исто толку успешни како и екипните и лига спортови.

Зошто тогаш забраната важи само за нас?!?! Ако сите ние како заедница сме одговорни да се придржуваме и адаптираме на новонастаната пандемиска состојба и да ги почитуваме пропишаните мерки, зошто тогаш ние индивидуалните спортови сме издвоени од заедницата, а во исто време со ништо не сме придонеле за влошување на состојбата со вирусот, туку спротивно на тоа го поттикнуваме здравјето и имунитетот на нацијата!!!! Медиумски ве замолуваме, во интерес на нашите спортисти, во интерес на кикбоксот и маитаито како спортски дисциплини и секако во интерес на спортските работници и тренери кои живеат од и за спортот, да ја прекинете селективната забрана и да ни дозволите да работиме и да ги надополниме што поскоро загубите на спортистите во поглед на кондиција, тренинг и натпревар и секако материјалната загуба со која се соочуваме како последица на забраната за работа (кирии и режиски трошоци за клубовите и федерациите, плати за тренерите и спортската администрација) и најважно загубата на медали и светски и европски достигнувања на нашите репрезентативци!!!!

Advertisement

Балкан

КФОР со засилени операции: Повеќе патроли и поголемо присуство ширум Косово

Мисијата КФОР соопшти дека значително го зголеми своето присуство и патролни активности низ Косово, како дел од редовните обуки и подготовките на своите единици.

„Ова ја демонстрира подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани кои би можеле да влијаат на безбедноста на Косово и на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението на мисијата.

КФОР истакнува дека преку агилен и флексибилен пристап целосно го спроведува својот мандат согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите жители и непречена слобода на движење. Мисијата продолжува да делува непристрасно и во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамките на нивните надлежности.

Од КФОР додаваат дека нивните активности се интегрирани со напорите на меѓународната заедница, вклучително и поддршката на дијалогот Белград–Приштина што го посредува Европската унија.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, останува во редовна комуникација со косовските безбедносни институции, со раководството на Еулекс, како и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Continue Reading

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading

Свет

Нов бран напади: Украина под силен оган, Полска активира борбени авиони

Русија утрово изведе масовен ракетен и дрон-напад врз повеќе украински градови, при што повредени се најмалку три лица во Киевската област.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека биле лансирани ракети и десетици дронови кон регионот на главниот град, поради што низ целата земја се огласија сирени за воздушна опасност. Напади беа регистрирани и во Лавовската област, додека руските сили дејствувале во повеќе последователни бранови.

Последната серија ракети била забележана непосредно пред 7 часот утрово, а експлозии одекнале во Полтава, Луцк, Одеса и Запорожје.

Гувернерот на Киевската област, Никола Калашник, информира дека 42-годишен маж бил повреден во Фастив, каде украинските железници пријавија „масовно гранатирање на железничката инфраструктура“. Во Вишгородската област биле повредени уште две жени на возраст од 46 и 40 години, од кои едната е хоспитализирана.

Градоначалникот на Луцк, Игор Пољишчук, соопшти дека биле зафатени од пожар повеќе складишта за храна.

Полска реагираше на ескалацијата – полското воено воздухопловство објави дека подигнало борбени авиони за заштита на својот воздушен простор за време на повеќечасовниот напад на западна Украина.

Овој напад следи по украинските операции изминатите денови, кога дронови погодија важни руски енергетски објекти, меѓу кои пристаништето Темрјук во Краснодар и рафинеријата во Сизран, пренесе „Киев Индепендент“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг