Ахмети на Велигден ја славеше 20-годишнината од воениот конфликт се заложи за „соништата на загинатите херои“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со министри, пратеници и други функционери на својата партија, во Слупчане одбележаа 20 години од воениот судир меѓу Ослободителната национална армија (ОНА) и македонските безбедносни сили.

„Пред нас има голема одговорност. Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи“, порача Ахмети, кој во 2001 година беше водач на ОНА, во чии први соопштенија се зборуваше за ослободување на „албанските територии“ од „славомакедонскиот окупатор“.