Connect with us

Инфо +

Од вечер се враќа во сила забраната за движење од 21 до 5 часот

Published

on

Полицискиот час, кој беше укинат изминатата ноќ, од вечер повторно се враќа во сила и ограничувањето на движењето ќе трае од 21 час до 5 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведена забрана за движење од 21 до 5 часот следниот ден, со исклучок за време на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1 кон 2 мај и од 12 кон 13 мај.

Со владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, е овозможена и работа на терасите на угостителските објекти до 20.30 часот, кои претходно беа целосно затворени.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава полицијата регистрирала 436 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. 

Македонија

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

Published

on

Силно невреме со пороен дожд, силен ветер и моќни електрични празнења вчера го зафати источниот и западниот дел на Македонија, предизвикувајќи штета и нарушувања во секојдневниот живот.

Штип-паднати покриви, откорнати 100-годишни дрвја

Во Штип, силниот ветер предизвика значителна штета. На улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, урнат е дел од кровната конструкција на станбена зграда. Градоначалникот Иван Јорданов за медиумите изјави дека пожарникарите веднаш интервенирале за да ја отстранат опасноста.

Дополнително, силниот ветер го откорна највисокиот дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Оштетениот кров заврши на соседниот објект, но за среќа, нема повредени ученици, вработени или уништени автомобили.

Дебар во темнина

Истовремено, во западниот дел на земјата, невремето остави голем дел од регионот Дебарско без струја. Поројниот дожд и електричните празнења предизвикаа прекин во напојувањето на жителите од општините Дебар, Центар Жупа и делови од Маврово и Ростуше. Надлежните тимови работеа на терен повеќе од еден час за да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија.

Иако невремето предизвика материјална штета, најважно е што нема повредени лица. Општинските власти ги повикаа граѓаните да бидат претпазливи, особено во услови на вакви екстремни временски непогоди, кои стануваат сè почести.

Дали ова е уште еден аларм за справување со последиците од климатските промени? Жителите остануваат во исчекување на повторна стабилизација, а службите продолжуваат со проценката и санирањето на штетите.

Недела со поларни температури

Од денеска претпладне особено во западните и во северните предели, освен на планинските  и повисоки места, повремен снег ќе има  и во пониските места (градовите). Снежна покривка ќе се формира на планинските  и повисоките места, а многу мала снежна покривка е  можно да се формира  и во некои пониски места, најави метеопрогнозерот, Славчо Попоски.

Температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека преку денот ќе се искачуваат од 1 до 10 степени.

-Поради ведрото време, многу студено ќе биде ноќта сабота кон недела и во недела наутро, кога ќе имаме умерени до јаки мразеви, а температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека на високите и планинските места тие ќе се спуштаат  и под -10 степени.

Инаку, од недела следува период без врнежи и со многу повеќе сонце, наутро останува многу студено, а преку ден температурите ќе бележат тенденција на помал пораст, што значи дека некое поголемо затоплување не очекуваме.

Овој ладен бран од север, ќе предизвика да дува и силен ветер од северен правец, и тоа утре (сабота), повремено и локално со брзина од над 75 км/час.
фото: Принт Скрин/ТВ Стар

Continue Reading

Македонија

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

Published

on

Драган Марковиќ Палма почина синоќа на 64-годишна возраст по кратко боледување, а Ивица Дачиќ низ солзи зборуваше за последните денови.

– Не можев да верувам дека тоа може да се случи. Кога ви кажувам, тоа беше како гром од ведро небо. Неговата состојба наеднаш се влошила. Почина во Земунската болница во Белград, точно е дека имал проблеми со црниот дроб. Мислам дека сега кога некој ќе каже цироза, сите веднаш ја поврзуваат со алкохолизам. И никогаш не пиел, се работело за некои други проблеми, му нашле одредена бактерија во организмот. Имаше пореметувања во работата на целиот организам, вклучително и бубрезите и срцето… Два пати беше на реанимација, третиот пат не успеа – рече министерот.

– Во секој случај, не знам што друго би можел да кажам за тоа. Тој дури и не зборуваше за тоа. Не се ни знаеше. Пред два-три дена гостуваше во една телевизија, беше расположен. Ми се јави да се видиме викендов, но не можев… ќе зажалам што не дојдов на тој собир. Не ни знаев дека е во болница, почина во болница – низ солзи изјави Дачиќ.

Ивица Дачиќ откри дека комеморацијата на Драган Марковиќ Палма ќе се одржи во понеделник во Собранието, додека погребот ќе биде во вторник во Јагодина.

„Го уби стресот. Не зборуваше за својата болест,  никогаш не се жалеше дека боли. Таков човек беше. Ми се јави пред некој ден да ме види и сега ќе се каам што не се оствари средбата. Мораме да му го чуваме споменот, благодарам за се, ми беше како брат“, заклучи Дачиќ.фото: Принт Скрин

Continue Reading

Македонија

Либералниот институт – Скопје, во Битола одржа панел дискусија “Локална демократија и отповикување на градоначалници“

Published

on

Во организација на  вчера се одржа панел дискусија на тема “Локална демократија и отповикување на градоначалници“.

Настанот ги собра локалните лидери, експерти и активисти од регионот за да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат општините и за механизмите што можат да се воведат за зголемена отчетност на градоначалниците.

На дискусијата учествуваа Моника Зајкова – пратеничка на ЛДП, градоначалникот на општина Битола – Тони Коњановски, првиот претседател на совет (1991), Златко Милошевски, Васко Наумовски универзитетски професор и поранешниот претседател на совет на општина Битола – Валентин Груевски.-Граѓаните треба да имаат право да побараат одговорност од оние на кои им го дале својот мандат. Оваа иницијатива во Собранието ја почна ЛДП пред една година, тогаш немаше интерес од јавноста, а сега една година подоцна наидува на огромна поддршка. Оваа иницијатива не само што ја враќа довербата, туку и ја јакне демократијата на локално ниво, истакна Моника Зајкова.

Фокусот на панелот беше ставен на иницијативата за воведување правен механизам за отповикување на градоначалниците, со цел да се обезбеди алатка за граѓаните да ја изразат својата волја во ситуации на злоупотреба на функцијата или неисполнување на обврските од страна на локалните лидери.-Иницијативата ја има мојата поддршка, секој градоначалник треба да поднесе одговорност пред граѓаните кои го избрале. Има премногу политика која многу смета во локалната самоуправа. Секој треба да има одговорност, а не да преспие четири години, изјави градоначалникот Коњановски.

Настанот во Битола е дел од поширока серија активности на Либералниот институт, кои ќе продолжат низ различни региони на Македонија. Целта е да се подигне свесноста за важноста на отчетноста на локалните власти, да се промовираат иновативни решенија за унапредување на локалната демократија, како и да се донесе законска регулатива за оваа проблематика. Со оваа иницијатива се испраќа јасна порака дека политиката мора да биде транспарентна и одговорна, ставајќи ги потребите на граѓаните на прво место. Либерален институт – Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк