Connect with us

Инфо +

Целосно изгacнат пожapoт кај Галичник, се утврдуваат причините

Published

on

Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера над село Галичник. Екипа на полицијата денеска врши увид и ги утврдува причините, информираше в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов при денешната посета на местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

„Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат“, рече Ангелов.

Се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните.

Балкан

Двајца тешко повредени пациенти од трагедијата во Кочани пристигнаа во Загреб

Published

on

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утрово се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестри милосрдници“, соопштија од болницата во вторник наутро, додека транспортот на двајца пациенти се очекува денеска.

Двајца пациенти кои утринава се примени на трауматолокото одделение имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.

Покрај нив, во Загреб на лекување во текот на денот треба да пристигнат уште повредени пациенти од Кочани, а премиерот Андреј Пленковиќ вчера изјави дека со македонските власти е договорено денеска со хеликоптери хрватската армија да ги превезуваат преостанатите пациенти.

Владата во Загреб утрово извести дека хеликоптер на хрватската армија денеска и утре ќе превезува уште четворица пациенти, кои исто така ќе бидат згрижени во хрватските здравствени установи.

Во акцијата за помош, задачата за лекување на повредените Македонци и е доверена на Клиниката за трауматологија при Клиничката болница „Сестри милосрдници“, каде најпрвин ќе се утврди степенот на изгорениците и повредите на други телесни функции, со оглед на тоа што преживеале тешка психофизичка траума.

За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега. Таму има и банка за ткиво каде што се одгледуваат трансплантации на кожа, кои се неопходни за тешки изгореници.

За здравствената состојба на пациентите и нивниот понатамошен тек на лекување лекарите ќе известат во 11 часот, на прес-конференција пред болницата.

Во пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, кој избувна во ноќта кон неделата, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени. Неколку десетици тешко повредени лица се транспортирани или се подготвуваат за транспорт во соседните земји, меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Литванија, Хрватска и Турција.

Continue Reading

Свет

Трамп денеска ќе разговара со Путин: „Војната мора да заврши веднаш“

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп пред телефонскиот разговор со Владимир Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.

Трамп на платформата Truth Social најави дека утрово ќе разговара со Путин. Тој рече дека иако се постигнати договори за некои прашања, „се уште треба да се договорат многу работи“.

„Секоја недела носи 2.500 загинати војници, од двете страни, и мора да престане СЕГА. Со нетрпение очекувам да разговарам со претседателот Путин“, напиша Трамп. 

„Ќе видиме дали можеме да постигнеме мировен договор, прекин на огнот и мир, и мислам дека ќе можеме да го направиме тоа“, изјави тој за новинарите еден ден претходно на „Ер Форс 1“.

Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој, додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали „храброста“ на Зеленски во прифаќањето на предлогот за прекин на огнот и ја предизвика Русија да го стори истото. „Доста е смрт. Доста е со уништени животи. Доста е уништување. Оружјето мора да замолчи“, рече Макрон во објавата на платформата X.

Continue Reading

Европа

Австриски медицински лет згрижи двајца повредени од Кочани

Published

on

Австрија изрази солидарност со граѓаните на Македонија по трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој имаше повеќе жртви и повредени. Австриските вооружени сили спроведоа прв медицински евакуациски лет, при што двајца пациенти во критична состојба беа пренесени на специјализиран третман во Австрија.

Австриската амбасада во Скопје активно координира дополнителни мерки за поддршка, а властите од двете земји се во постојан контакт за обезбедување на потребната помош.

Овој хуманитарен ангажман е потврда за блиските односи меѓу Австрија и Македонија и за подготвеноста на Виена да помогне во итни ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк