Connect with us

Инфо +

Зошто врз Пожарот кај Галичник не интервенираа “Ер Тракторите” на ДЗС ?

Зошто вчера кај Галичник не интервенираа авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, прашува порталот мкд.мк.

“Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден детално информираше за преземените активности по алармот за запалената борова шума во близина на куќите над селото Галичник. Ја добивме информацијата дека армиските хелокоптери биле таму, но не можеле да интервенираат поради силниот ветер. Но, остана отворено прашањето каде беа „ер-тракторите“, пренесува порталот.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожар кој неофицијално, веќе подолг период се на сервис, па затоа немало никаков одговор на барањето за интервенција над Галичник.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожари.

Од Центарот за управување со кризи за Утрински весник  информирале дека била побарана интервенција на „ер-тракторите“, но не дале одговор од ДЗС зошто не полетале двата авиона за гаснење на пожари.

Во очекување на официјална информација, неофициално, авионите веќе подолг период се на сервис, па затоа немало никаков одговор на барањето за интервенција над Галичник.

Вчера вечер Месната заедница Галичник објави дека со помош на повеќе институции и друга помош бил згаснат пожарот што дивееше во близина на селото.

Вчера кај Галичник на надлежните им се случи уште еден гаф, се влечеше возило на Пожарната со автомобил.

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг