Гоце Делчев бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител

Откако амбасадата на Руската федерација во Македонија преку нивниот твитер профил го одбележа загинувањето на Гоце Делчев и во која напиша дека тој е македонски народен херој, со реакција на социјалните мрежи излезе Ангел Џамбаски, бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов.

Џамбаски: Гоце Делчев бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител

– Нема сомневање каков бил Гоце Делчев по потекло и самосознавање. На рака пишувал писма во кои се нарекувал Бугарин. Тој бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител, неговиот брат бил во бугарските одреди и загинал во бугарските битки. Не можете да ја менувате историјата, искоментира Џамбаски.