Oд утре полициски час од 23 кафеаните ќе работат до 22:30 часот

Согласно владина одлука од утре полицискиот час ќе почнува од 23 часот, додека кафеаните ќе работат до 22,30 часот.

Одлуката следува откако во текот на изминатата недела се бележи падна на бројот на заболени од 40 отсто,а бројот на починати бележи пад од 20 отсто.

Според професорот доктор Никола Пановски олеснувањето на рестриктивните мерки нема да ја влоши епидмиолошката состојба, но неопходна е поголема контрола на почитувањето на протоколите во угостителсктите објекти.