Бугарија бара да ги yтвpдиме нашите македонски кopeни!

Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Ресен рече дека Бугарија не го спори македонскиот идентитет и македонскиот јазик, туку дека бара да се „утврдат македонските корени“.

– Бугарија признава и кажува дека тие немаат проблеми со македонскиот јазик и со македонскиот народ, но ајде викаат да ги утврдиме корењата. Ќе ги најдеме и корењата ако ако бидеме паметни на европски начин. ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме и нашата иднина колку што е можно подобро. Мал ни е регионот, колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодет ќе имаме, рече Заев.

Премиеорт ова го изјави по вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој рече дека може да се разгледа и таа опција Македонија, доколку нема договор со Бугарија, да заостане во однос на Албанија во пристапниот процес.

Заев претходно кажа дека по цена на македонскиот идентите и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ.

-Пријателите, ЕУ, САД, се тука да сработат креативи, идеји, но наша одлука е, ние носиме одлука. По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ. Затоа ќе биде прашина изгубена низ векови. Кој тоа ќе влезе во ЕУ? Така ги постигнавме големите договори, штитејќи ја нашата посебност, јазик и идентитет. Не постои договор кој го договара како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. На крај тоа е европска вредност. Драго ми е што Бугарија признава дека немаат проблем за тие прашања. Бараат утврдување на корењата. Ќе ги утврдиме и корењата, но на европски начин, рече Заев.