Внукот на Тоше е станат фраериште :)

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, одамна е тргнат по стапките на својот никогаш незаборавен вујко, кој секогаш му беше голем предизвик.

Фото: Инстаграм

Kристијан денес е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред неколку години, му се укажа прилика да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, па отпатува во Лондон.

Се сеќаваме дека Тоше и сам го виде талентот на својот внук, па сними и дует со него.

Фото: Инстаграм

Во прашање е песната „Му Little One“, која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, „The Hardest Thing“.