Connect with us

Технологија

(Видео) Слeдете ја во живо кинеската paкeта која без кoнтрола се спушта кон Земјата

Published

on

Следете ја во живо траекторијата на кинеската ракета која забрзано се приближува кон планетата Земја. Се очекува да се сруши ноќта помеѓу сабота и недела.

Според последните информации на непрофитната, федерално финансирана компанија „Аероспејс Корп“, која го следи движењето на ракетата, се очекува остатоците да го погодат Пацификот во близина на Екваторот откако ќе поминат над источните американски градови. Орбитата опфаќа дел од планетата од Нов Зеланд до Њуфаундленд, пишува Гардијан.

Технологија

Продолжува драмата помеѓу Маск и ChatGPT: “Ја повлекувам понудата под еден услов”

Published

on

Што ќе се случи со најкористениот модел на вештачка интелигенција во светот?

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, изјави дека ја повлекува понудата за превземање на непрофитната компанија Open AI за 97,4 милијарди долари, но под еден услов.

Маск изјавил дека ќе ја повлече понудата доколку управниот одбор на калифорниската фирма “ја зачува мисијата за добротворна организација” и се сопре трансформацијата во копорација ориентирана само кон профит.

Во денешниот извештај на американскиот суд во Калифорнија, се наведува дека понудата на Маск да ја купи непрофитабилната организација е сериозно, но дека е спремен да се откаже во случај фирмата и понатаму да сака да ја сочува својата првобитна непрофитабилна стратегија.

Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI е основана во 2015 како непрофитабилна организација, а Маск беше еден од нејзините основачи.

Фирмата во 2019 година, после заминувањето на Маск креираше помали одделение за ограничен профит, но непрофитабилното оделение Open AI и понатаму е единствениот контролен акциониер во целата групација.

Open AI во моментов е во процес на реструктурализација во традиционална компнија ориентирана на профит, а Маск, според зборовите на властите, сака да го сопре целиот процес за кој смета дека е предавство на првобитните принципи.

“Ја дизајниравме структурата во Open AI така што ќе можеме да изградиме општа вештачка интелигенција која е безбедна и корисна за целото човештво” се наведува на веб страницата на компанијата.

Фирмата нагласува дека од почетокот било јасно дека проектот ќе бара огромен капитал и дека наскоро се покажало дека донациите нема да бидат доволни, така што се најави основање на профитна организација која би ги следела првобитните цели.

Continue Reading

Свет

Илон Маск започнува проект во Дубаи вреден неколку милијарди долари, неговиот изум ќе го користат милиони луѓе

Published

on

Компанијата на Илон Маск ќе го гради проектот Дубаи луп.

Престолонаследникот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид ал-Мактоум во петокот потпиша договор за изградба на проектот Дубаи луп со инфраструктурната компанија на Илон Маск, компанијата Boring, објави Канцеларијата за медиуми во Дубаи.

Проектот меѓу Управата за автопати и транспорт и компанијата на Маск има капацитет од 160.000 патници на час и должина на патеката која надминува 100 километри (62 милји), се вели во соопштението.

Дубаи луп е брза транзитна мрежа.

Подземниот транспортен систем долг 17 километри ќе има единаесет станици и е дизајниран да превезува повеќе од 20.000 патници на час.

Проектот ќе овозможи директно патување до одредишната станица без застанување помеѓу. Патувајќи со брзина до 160 километри на час, ќе се напојува од електрични возила.

Илон Маск претходно ги потврди плановите за партнерство со Дубаи за развој на проектот, додека зборуваше на самитот на светските влади, преку видео врска, во четвртокот.

Футуристичкиот транспортен систем ќе ги поврзе главните центри низ Дубаи, намалувајќи го времето на патување помеѓу клучните точки во емиратот на само неколку минути.

Continue Reading

Технологија

Поранешниот шеф на Гугл со предупредување до сите држави во светот: “Овие чекори мора веднаш да ги превземете”

Published

on

Ерик Шмит со предупредување до светот поврзано со развојот на вештачката интелигенција.

Ерик Шмит, поранешниот извршен директор на Google, изрази сериозна загриженост за ризиците поврзани со развојот и злоупотребата на вештачката интелигенција (ВИ) од земји кои претставуваат значителни безбедносни закани.

Според него, земји како Северна Кореја, Иран и Русија можат да користат технологии со вештачка интелигенција за да развијат биолошко оружје или да ги искористат за други опасни намери.

Шмит ја нагласи потребата од внимателен владин надзор над технолошките компании кои развиваат напредни модели на ВИ, но исто така предупреди дека прекумерната регулација може да го забави напредокот на иновациите во овој сектор. Тој ја поддржа политиката на САД за контрола на извозот на моќни микрочипови, кои се основа за многу системи за ВИ, за да се спречи брзиот напредок на ривалските земји во оваа област.

Еден од најголемите ризици што Шмит ги посочи е можноста за „биолошки напад од злонамерни актери“, кои можат да злоупотребат ВИ за да создадат катастрофални последици. Тој изрази загриженост дека ВИ би можела да биде користена од страна на „злонамерни личности“ за да им наштетат на невини луѓе, на што се потсети на нападите на 11 септември и терористичките акции на Осама бин Ладен.

Иако Шмит е за регулирање на ВИ, тој нагласи дека важно е да се најде баланс помеѓу владината контрола и поддршката на иновациите. Според него, приватните компании играат клучна улога во развојот на ВИ, а владите мора да разберат што прават овие компании без да ги оптоваруваат со прекумерни регулативи.

Тој исто така предупреди дека премногу регулација, особено во Европа, може да го успори напредокот на технологијата која, според него, претставува најважната револуција по откривањето на електричната енергија. Шмит заврши со напомена дека, иако технолошките компании разбрале влијанието на ВИ, нивната проценка на вредностите може да се разликува од онаа на владите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк