Се излеа благослов вчера по 12-ти пат во Струга – се одржа Ѓурѓовденската ЛИТИЈА (фотогалерија)

Под строги здравствени протоколи за заштита на населението од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и бројни верници, денеска во Струга по 12-ти пат се одржа познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот.

Низ кејот на реката Црн Дрим, се движеше поворката, но за разлика од други години како во 2019 година кога истата беше најмасовна:

YouTube video player

Оваа година литијата изгледаше вака, а бидејќи се одржува во услови на пандемија, моштите од светецот пристигнаа од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф.

– Да го помолиме светиот великомаченик Георгиј, следната година, да нема вонредни околности. Што поскоро светот да се избави од големото искушение што го снајде за животот да се врати во нормала и да можеме Струшката Литија да ја направиме пославна и поголема од било кога, изјави сестра Ефимија, од сестринството во манастирот во Рајчица.