Connect with us

Технологија

Илон Маск испраќа екипаж на МАРС-СПЕЈС ИКС успешно ја приземји ракетата СТАРШИП

Published

on

Компанијата Спејс Икс на Илон Маск, во петти обид во средата успеа да приземји прототип на ракетата Старшип на полигон во Тексас, без леталото да експлодира.

Тест летот претставува голема победа за амбициозната компанија која сака со Старшип да пренесува екипаж на Марс.

„Номинално слетување на Старшип!“, триумфално објави на Твитер основачот на компанијата Илон Маск, откако претходните четири обиди завршија со експлозии на леталата.

Слетувањето не било беспрекорно и мал пламен ја зафатил основата на ракетата висока 50 метри кратко по слетувањето.

Експертот на Спејс икс, Џон Инспрaкер, објасни дека ова „не е невообичаено со метанското гориво што го користиме“, додавајќи дека инженерите сè уште решаваат проблеми со дизајнот.

Пламенот брзо бил изгаснат со водени топови, се гледа на снимката.

Ракетата во 17 часот и 25 минути по локално време полета од Старбејс во Бока Чика, Јужен Тексас, достигна висина од 10 километри и изврши низа маневри, вклучително и хоризонтално спуштање.

Спејс икс се соочи со дополнителен притисок да успее со летот, наречен СН15, во средата, откако НАСА минатиот месец објави дека верзија на Старшип ќе се користи како летало за Месечината кога американската вселенска агенција ќе ги врати луѓето на Месечината.

Но, договорот вреден 2,9 милијарди долари во моментов е блокиран откако две ривалски компании – Блу ориџин на Џеф Безос и Дајнетикс поднеле жалба.

Доколку договорот ги преживее тие жалби, ќе го трансформира Старшип од играчка на Маск во голем потфат финансиран од даночни обврзници, со целиот надзор што тоа со себе го носи.

Првите два пробни лета на Старшип, СН8 и СН9, експлодираа при слетувањето кога беа лансирани во декември, односно февруари.

Следниот, СН10, успешно слета, а потоа експлодираше неколку минути подоцна, на 3 март.

Емитувањето на видеото било прекинато за време на четвртиот тест лет, СН11, а Маск подоцна потврди дека и тој експлодирал, овој пат на сред лет.

Спејс икс планира да го комбинира леталото Старшип со ракетата Супер хеви, создавајќи целосно нов систем за длабоко истражување на нашиот Сончев систем.

Технологија

Војните никогаш повеќе нема да бидат исти: Американската армија ја претстави најнапредната технологија

Published

on

Американската војска наскоро ќе добие моќен алат за подобрување на планирањето – системот Thunderforge, развиен со помош на Scale AI.

Овој систем користи вештачка интелигенција за да го забрза донесувањето одлуки на сите нивоа на воените операции, се наведува на веб-сајтот на единицата за одбранбени операции на американската војска.

„Интеграцијата на напредни технологии како што се AI симулации и модели на големи јазици како Thunderforge, овозможуваат побрзо, попрецизно и попаметно планирање во динамични воени услови, што е клучно за справување со современите предизвици на војување“, се додава во соопштението.

Thunderforge е дизајниран како алат кој овозможува военото лице да синтетизира големи количини информации, анализира потенцијални акции и тестира стратегии преку симулации.

„Нашите AI решенија ќе ги трансформираат воените оперативни процеси и ќе ја модернизираат американската одбрана“, изјави основачот на компанијата Scale AI, Александар Ванг, во соопштението.

Овој систем ќе овозможи подобрување на ефикасноста и брзината на донесување одлуки, што е пресудно во околина која се менува брзо.

Современото војување бара брзо прилагодување и донесување одлуки врз основа на брзи промени на теренот, а традиционалните методи на планирање, кои често зависат од застарена технологија и бавни процеси, не можат да ја следат брзината на современите конфликти.

Во наредните месеци, Thunderforge ќе биде тестиран во два дела на американската војска: Индопацифичката команда (INDOPACOM) и Европската команда (EUCOM), со цел да се подобри планирањето на мисиите, распоредувањето на ресурси и стратегиската проценка во рамките на воените операции.

Ако тестот биде успешен, можеби ќе сведочиме на нов начин на водење на војни во иднина – одлуките ќе продолжат да ги носат луѓето, но со многу поголема помош од вештачката интелигенција.

Continue Reading

Технологија

Стасува најдобрата видео игра на сите времиња – како ќе реагираат гејмерите кога ќе слушнат колку пари ќе чини GTA 6?

Published

on

Цела индустрија чека на доаѓањето на само една игра, а издавачите се надеваат дека нејзината цена ќе биде што поголема.

Не постои категорија или сектор кои последните години не беа погодени од поскапувања, а изгледа дека и во иднина можеме да очекуваме продолжување на растот на цените на бројни производи. Меѓу другото, такви поскапувања би можеле да почувствуваат и гејмерите, и тоа со појавата на новото продолжение на Grand Theft Auto. GTA 6, која е веќе прогласена за најочекуваната игра во историјата, бидејќи од последната верзија поминаа повеќе од десет години, на пазарот би требало да се појави во втората половина на годинава, најверојатно во есен.

Додека фановите на оваа франшиза се возбудени што наскоро ќе пристигне новото продолжение, тие веројатно нема да бидат толку среќни кога ќе дознаат колку ќе треба да платат за ова гејмерско задоволство. На основа на некои претходни гласини, како и нови информации кои ги објави аналитичарот Мајкл Паќер, изгледа дека во Take-Two Interactive сериозно размислуваат за значително зголемување на цената која може да достигне дури – 100 долари.

Ако овие информации се точни, тоа би било драстично зголемување кое ќе ги излуди милиони фанови на играта. Но Паќер вели дека постои и друга страна на ова потенцијално зголемување на цената, која може да ја ублажи ситуацијата. Тој објаснува дека за 100 долари, покрај самата игра, корисниците би можеле да добијат и голем износ на виртуелна валута за играта, која би можела да се потроши во GTA Online. Тоа значи дека ќе платите 100 долари за самата игра, а веднаш ќе добиете и голем износ на виртуелна валута која ќе можете да ја трошите во рамките на играта.

Во разговор со новинари од Gizmodo, овој аналитичар објасни дека до овој заклучок дошол по неколку разговори со извршниот директор на компанијата Take-Two, Штраус Зелник. Шефот на компанијата објаснил дека би можеле да создадат некои елементи во кои GTA Online би бил вметнат во модот за играње за еден играч. На пример, играчот би можел да најде содржина која е достапна само во онлајн модот и би морал да се премести во тој мод за да ја заврши мисијата или да отклучи некој предмет или слично важен за поединечните мисии.

Цела индустрија во исчекување

Освен тоа што би платиле толку голема сума за да добијат гејмерска виртуелна валута, гејмерите би добиле и пристап до дополнителни содржини во играта, кои ќе бидат достапни подоцна.

GTA Online е важен извор на приходи за Take-Two, и иако GTA V беше објавена пред 12 години, онлајн модот за таа игра сѐ уште е многу популарен. Според финансиските податоци на компанијата, од лансирањето на играта до денес, приходите од неа надминаа 9,5 милијарди долари.

Треба да се напомене дека официјално не се објавени информации за цената на оваа игра и ќе ги дознаеме подоцна, па секогаш постои можност играта да биде нешто поевтина, но без виртуелната валута и (бесплатен) пристап до идниот содржин.

Она што сигурно може да се очекува е дека цената на играта ќе биде повисока од цената на најпопуларните и најскапите наслови денес. Како што нагласуваат на Gizmodo, конкурентските издавачи се надеваат дека ако Take-Two навистина ја зголеми цената на играта, тоа ќе им даде зелено светло за зголемување на цените на своите идни наслови.

Continue Reading

Технологија

Маск откри која држава стои позади нападот на неговата социјална мрежа, експертите не се согласуваат

Published

on

Платформата за социјални медиуми X (поранешен Твитер) на 10 март доживеа масовни прекини, а Илон Маск го припиша тоа на „масивен сајбер напад“ поврзан со IP адреси од Украина. Тој изјави дека нападот бил спроведен „со многу ресурси“ и дека вклучена е голема група или држава.

Сепак, сајбер експертите се скептични за ова. Според извор од индустријата, голем дел од сообраќајот што го нападнал X потекнувал од САД, Виетнам и Бразил, додека сообраќајот од Украина бил „незначителен“. Експертите сметаат дека најверојатно се работи за DDoS напад, кој може да биде изведен и од индивидуални хакери или мали групи.

Ова не е првпат Маск да припише технички проблеми на сајбер напади, а тој исто така има историја на контроверзии во врска со Украина, како неговата улога во намалувањето на хуманитарната помош за Украина и неговите ставови во врска со медиумите финансирани од САД во Киев.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк