Connect with us

Технологија

Кинеската ракета падна во Индискиот Океан, во близина на Малдиви (Видео)

Published

on

Најгоемата кинеска ракета „Лонг марш“ влезе во атмосферата, и се сруши во Индискиот Океан, западно од познатите острови Малдиви.

Сепак, поголемиот дел од деловите биле уништени во текот на влегувањето во атмосферата, пренесуваат кинеските медиуми.

Делови од ракетата повторно влегле во атмосферата во 10:24 часот по кинеско време, и паднале во Индискиот океан, некаде југозападно од Индија и Шри Ланка. Голем број од делови исгореле во атмосферата.

Ракетата „Лонг марш“ лансирана е 29 април од кинескиот остров Хаинан, носејќи со себе бесполотен модул кој содржи она што ќе стане станбен простор на трајната кинеска вселенска станица.

Технологија

Легендарната мобилна игра повторно достапна за Андроид уредите

Published

on

„Flappy Bird“ се враќа: Култната мобилна игра достапна повторно, но овојпат преку Epic Games

Повеќе од една деценија откако беше повлечена од продавницата Google Play, култната мобилна игра „Flappy Bird“ повторно е достапна за преземање – сега ексклузивно преку Epic Games Store за Android-уреди.

Зад враќањето стои тим од ентузијасти и ветерани од индустријата, кои се здружија под името Flappy Bird Foundation. Новото издание ја задржува оригиналната и препознатлива механика – тапкање по екранот за да се избегнат пречките во форма на цевки – но нуди и нови содржини: тематски светови, нови ликови и можности за персонализација.

Вреди да се напомене дека креаторот на оригиналната игра, виетнамскиот девелопер Донг Нгуен, не учествувал во развојот на оваа верзија и не остварува никаква финансиска добивка, бидејќи правата на играта биле пренесени по истекот на неговата заштитна марка.

За разлика од бројните копии и спорни преработки што се појавуваа во изминатите години, новата верзија на „Flappy Bird“ не е поврзана со криптовалути или Web3-технологии. Фокусот останува на едноставнo, забавнo и носталгичнo гејмплеј-искуство.

Играта е достапна бесплатно, а дополнителни содржини може да се отклучат преку опционални купувања во апликацијата. За да ја инсталирате, потребно е најпрво да ја преземете апликацијата Epic Games за Android, која не е достапна преку Google Play, туку директно од официјалната веб-страница на компанијата.

Continue Reading

Технологија

Комодоре 64: Компјутер стар повеќе од четири децении успешно се поврза со ChatGPT

Published

on

Комодоре 64 успеа да се поврзе со ЧетГПТ на гејмерски фестивал во Италија

Еден од најпознатите ретро компјутери од осумдесеттите – Комодоре 64 – неодамна беше повторно ставен во функција и успеа да комуницира со вештачката интелигенција ЧетГПТ. Овој интересен технолошки спој се случи на гејмерски фестивал во Италија.

Настанот се одржа во рамките на 11-тото издание на фестивалот „Луди Кастело“, кој традиционално се организира во историските простории на палатата Вители во Сан Џакомо. Веста ја пренесе италијанската новинска агенција Анса.

„Тоа беше демонстрација на интернет конекција преку стар К64 поврзан со мрежен кабел“, изјави ИТ техничарот Фабио Антими преку соопштение од општината Чита ди Кастело.

Интеракцијата со ЧетГПТ се одвивала преку класичната тастатура на Комодоре 64 – корисниците можеле да напишат прашања или барања, а вештачката интелигенција одговарала во реално време, директно на стариот екран.

Continue Reading

Технологија

Apple испрати предупредување до своите корисници во 100 држави

Published

on

Apple испраќа предупредувања за шпионски софтвер – корисници од над 100 земји цел на напади

Компанијата Apple започна да испраќа предупредувања до потенцијални жртви на шпионски софтвер, информирајќи ги корисниците дека можеби се на мета на напади. Неколку лица веќе потврдија дека добиле такви пораки и дека им било укажано да ги сфатат предупредувањата сериозно.

Во пораките што ги добиваат засегнатите корисници, Apple наведува дека луѓе во повеќе од 100 држави добиле слични известувања. Иако не се соопштени конкретни податоци за бројот на засегнати лица, ниту за потеклото на нападите, компанијата укажува дека ситуацијата е сериозна и бара внимателност.

Според извештајот на TechCrunch, меѓу лицата кои добиле предупредување се италијанскиот новинар Ќиро Пелегрино и активистка од Данска. Пораките што ги добиле се совпаѓаат со официјалните насоки на Apple за постапување во случај на напади со шпионски софтвер, а корисниците објавија и скриншоти од добиените известувања.

Ова не е првпат Apple да испраќа вакви известувања. Минатата година, корисници од 92 земји беа предупредени за слични напади, а од 2021 година наваму, лица од повеќе од 150 држави биле информирани дека можеби се цел на прецизни и насочени напади со шпионски софтвер.

Сепак, и покрај глобалниот обем на заканата, Apple сѐ уште не објавува детали за бројот на таргетирани корисници, туку само го наведува бројот на земји каде се испратени предупредувања.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк