Connect with us

Технологија

Македонија е на границата на ризичната зона каде би можела да падне кинеската ракета

Мапата, која ја објави „Си-ен-ен“, покажува дека северната граница на ризичната зона поминува низ земјава, како и преку територијата на соседна Албанија. Цела Грција, најголемиот дел од Италија, Шпанија и Португалија, исто така, се во ризичната зона од европските земји.

Поради брзината со која се движи, научниците не може точно да предвидат каде би паднал делот од ракетата, тежок 22 тона, но најголеми се шансите тоа да се случи во океан. Астрофизичарот од Унивезритетот Харвард, Џонатан Мекдауел, вели дека ризикот е мал и дека најверојатниот исход е ракетата да падне во Тихиот Океан.

„Ризикот дека ќе има некоја штета или дека ќе погоди некого, е мал, но не е занемарлив. Би можело да се случи, но ризикот дека ќе погоди човек е навистина мал. Така што, јас не би губел ниту една секунда сон поради загриженост“

Ризичната зона е прикажана и на мапа на Европската вселенска агенција (ЕСА), која објави дека ракетата би можела да падне на површината од планетата Земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. На оваа мапа, северната граница на ризичната зона поминува под јужната граница на С Македонија. Покрај споменатите делови од Европа, зоната ги опфаќа и цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и делови од Азија.

https://youtu.be/dRAoEp83CWU

Технологија

Google ја укинува омилената апликација – еве со што ќе биде заменета

Google ќе го укине Google Assistant на повеќето Android уреди почнувајќи од почетокот на следната година, како дел од планот за замена на гласовниот помошник со новата вештачка интелигенција Gemini.

Google Assistant, лансиран во 2016 како конкурент на Apple Siri и Amazon Alexa, ќе биде надграден со Gemini, кој ќе се користи и на таблети, автомобили, слушалки, часовници и паметни куќни уреди. Новиот систем ќе овозможува природно гласовно управување и исти команди како претходниот помошник.

Google исто така претстави Gemini Home AI за паметни куќни уреди, а новиот Google Home Speaker се очекува во пролет 2026. Google Assistant ќе остане активен до март 2026, по што корисниците ќе бидат целосно префрлени на Gemini.

Претходно услугата се викала Bard, но беше ребрендирана во Gemini почетокот на 2024, кој сега покрива и AI модели и домашни уреди.

Continue Reading

Технологија

На ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите

Според најново истражување на HSBC, OpenAI, сопственикот на ChatGPT, би можел до 2030 година да треба да обезбеди околу 207 милијарди долари за продолжување на своето работење, поради растечките трошоци за компјутерска инфраструктура и глобалната трка во областа на вештачка интелигенција.

Приходите се очекува да достигнат околу 129 милијарди долари, додека трошоците за cloud инфраструктура би можеле да достигнат 800 милијарди долари. ChatGPT би можел да достигне три милијарди редовни корисници, споредено со 800 милиони минатиот месец.

OpenAI во последните три години привлече големи инвестиции, а во октомври стана највредната приватна компанија во светот, проценета на околу 500 милијарди долари. Трошоците за раст се зголемуваат побрзо од приходите, што претставува ризик за компанијата и за технолошките партнери како Microsoft, Amazon и Oracle.

Continue Reading

Технологија

Еве што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон

И покрај поефикасните процесори, подобрените батерии и напредните системи за управување со енергијата, батеријата на смартфоните и понатаму брзо се празни – најчесто поради начинот на кој ги користиме уредите.

Апликации во позадина

Најголеми „скриени“ потрошувачи се апликациите што работат во позадина – социјални мрежи, фитнес-тракери, па дури и тастатури. Проверете во Поставки > Батерија кои апликации трошат најмногу енергија и ограничете ја нивната позадинска активност. Намалете ја и автоматската синхронизација кај мејлови, календари и облак-сервиси.

Екранoт – најголемиот потрошувач

Осветлувањето и високата стапка на освежување значително го скратуваат траењето на батеријата. Користете адаптивна светлина наместо рачна и ограничете го освежувањето на 60Hz кога не играте игри. Темниот режим е особено ефикасен кај OLED екрани, бидејќи исклучува дел од пикселите и штеди енергија.

Паметно полнење

Современите телефони нудат функции за заштита на батеријата кои го забавуваат полнењето над 80% за да се намали долгорочното оштетување – вклучете ја оваа опција. Користете полнење со кабел кога можете и избегнувајте честo брзо полнење, освен кога сте во итност.

Со внимателни поставки и неколку навики, батеријата може да трае значително подолго без разлика на моделот на телефонот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг