Царовска ги игнорираше, родителите на протести против “дигиталното” образование!

МОН испрати соопштение во кое се вели:

– Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение наредната учебна година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.

Ова значи дека МОН не ги прифати барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.

Во објавата на претставничката на Иницијативата не се дава точен датум, но се најавува каде и како ќе се протестира.

Целото интегрално соопштение на “Учебници и настава мора да има” во продолжение:

Почитувани родители, старатели, наставници, средношколци и останати засегнати страни со измените во Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование (во понатамошниот текст: Законот).

Ви се обраќаме со следните информации за нашите активности против донесувањето на Законот.

Денес, (Понеделник, 10 Мај 2021) до крај на работното време, не добивме официјален одговор од МОН по однос на нашите барања доставени и разговарани на работната средба одржана на 06 Мај 2021, ниту пак го добивме Записникот од средбата согласно договореното со претставниците од МОН.

Затоа, остануваме доследни на нашите ветувања пред граѓаните дека продолжуваме со битката и ќе се бориме до крај против донесувањето на Законот, користејќи ги сите начини и средства загарантирани со Законите во Македонија.

Имено, како што најавивме, следните чекори се организирање на „МИРНИ ПРОТЕСТИ“ во градовите низ Македонија и „МИРЕН МАРШ“ во Скопје. Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија.

ЃРАГАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“

https://youtu.be/9yOYJU_oHNU