Connect with us

Инфо +

Уште една директорка одбила “рамковни” кадри?

Published

on

Агенцијата за просторно планирање, која функционира со буџет обезбеден од Министерството за животна средина и просторно планирање, со кое раководи Насер Нуредини, кадар на ДУИ, не прифатила двајца администратори распоредени од Министерството за политички систем на Артан Груби.

Како што јавува News33 а пренесува „Лајм“ нефицијално се дознава дека причината за неприфаќањето е несоодветната образовна квалификација.

Околу оваа информација не даваат коментар ниту Министерството за екологија, ниту од Агенцијата за просторно планирање предводена од директорката Андријана Андреева.

Медиумот објавува дека освен одбивањето на вработени директорката не го почитува ниту Законот за употреба на јазиците а интернет-страницата на оваа институција е само на македонски јазик. Порталот тврди дека според јавниот список на вработени во оваа агенција, таму нема ниеден Албанец меѓу 31 професионално вработени.

Зошто настрада пркосниот функционер

Свет

Германија ќе се убие себе си, Европа е пред цивилизациско самоубиство Џеј Ди Венс со сериозна порака до Брисел и Берлин

Published

on

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вели дека сака „лулката на христијанската цивилизација“ Европа да напредува но дека прави погрешни чекори.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервјуто за Фокс њуз објавено во петокот ги нагласи длабоките културни и религиозни врски меѓу Соединетите Држави и Европа, осврнувајќи се на континентот како „лулка на западната цивилизација“, за која тој тврди дека сега е изложена на голем ризик.

„Целата идеја за христијанската цивилизација што доведе до основање на Соединетите Американски Држави беше формирана во Европа. Културните врски, религиозните врски – овие работи ќе траат надвор од политичките несогласувања“, рече Венс.

Венс предупреди дека неподготвеноста или неспособноста да се контролираат границите, во комбинација со напорите да се ограничи слободата на говорот кога граѓаните протестираат против прашања како што е илегалната имиграција, може да има сериозни последици.

„Тие не се во можност или не сакаат – премногу земји – да ги контролираат своите граници… Гледате како почнуваат да ја ограничуваат слободата на говорот на нивните граѓани, дури и кога тие граѓани протестираат против работи како граничната инвазија што за што се согласни и американскиот претседател Доналд Трамп и голем број европски лидери“, објасни потпретседателот, изразувајќи надеж дека европските земји ќе почнат да се справуваат со овие предизвици.

Одговарајќи на критиките дека неговиот став може да ги заостри односите меѓу Соединетите Држави и нивните европски партнери, Венс тврди дека искрените дискусии меѓу сојузниците се од суштинско значење.

„Ако имате земја како Германија, каде што има уште неколку милиони имигранти кои доаѓаат од земји кои се тотално културолошки некомпатибилни со Германија, тогаш не е важно што мислам за Европа, Германија ќе се убие сама и јас не сакам да го направи тоа“, рече Венс.

Венс понатаму истакна дека неконтролираната имиграција во ЕУ може да има реперкусии за САД, бидејќи некои поединци на крајот би можеле да бараат влез во Америка.

„Сакам Европа да напредува. Сакам тие да бидат важен сојузник. Дел од тоа ќе биде Европа да го почитува својот народ, да го почитува сопствениот суверенитет, а Америка не може да ја заврши таа работа за нив“, заклучи Венс.

Во февруари, Венс одржа жесток говор на конференцијата за безбедност во Минхен, критикувајќи ги европските лидери дека се плашат од сопствените гласачи и не ги поддржуваат демократските вредности додека ги цензурираат спротивставените гласови под изговор за борба против „дезинформациите“.

„Заканата за која најмногу се грижам во однос на Европа не е Русија, не е Кина, не е некој друг надворешен актер… она за што се грижам е заканата одвнатре“, рече Венс во говорот што Трамп подоцна го опиша како „многу брилијантен“.

Continue Reading

Балкан

Хаос во Белград: Автомобил влета во демонстранти – снимката шокира! (ВИДЕО)

Published

on

На социјалните мрежи е објавено видео од инцидентот во Белград каде автомобил влетал во група која денеска се придружи на најавениот голем протесте „15 Март за 15-те“ (загинати во Нови Сад .

Од утрово веќе почнаа да се собираат студенти и граѓани кои се движат од правец на Чукарица кон центарот на градот.

Сепак, иако мирно се собраа, се случи инцидент кога непознат возач со автомобил влета низ толпата, при што наводно повреди неколку лица.

На видеото се гледа како автмобилот продолжува со женско лице на хаубата

Големиот протест свикан од српските студенти во Белград кулминира денеска (15.03) пред Народното собрание.

Пред протестот имаше најава во форма на шпекулации од властите дека „се подготвува насилство“ и големи надежи од друга страна дека тоа е „почеток на крајот“ на владеењето на Александар Вучиќ, пишува „Дојче веле“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на јавноста во петокот вечерта, во пресрет на големиот протестен митинг во Белград, во врска со наводните планови за предизвикување конфликт за време на протестот. Вучиќ вели дека државата ќе обезбеди ресурси за, како што нагласи, ненајавениот собир да се одвива мирно. Секој што ќе ги нападне учесниците на протестите, како и кој ќе нападне некој друг или институција, ќе биде уапсен, пишува ДВ.

Србија е во петтиот месец на протести по смртта на петнаесет лица под крошна во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Студентските блокади на универзитетите траат речиси четири месеци. Студентите тврдат дека нивните барања се уште не се исполнети, а надлежните го велат спротивното.

Continue Reading

Свет

Светот во неверување после изјавата на Трамп: “Бев малку саркастичен кога го изјавив тоа”

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека бил “малку саркастичен” кога во текот на кампањата повеќе пати тврдел дека војната меѓу Русија и Украина може да заврши за само 24 часа.

Трамп на ова прашање одговорил во интервју за емисијата “Full Measure”, додека неговата администрација продолжува со напорите за посредување во пронаоѓањето на решение, 54 дена по почетокот на неговиот втор мандат, пренесува порталот “Local10”.

“Бев малку саркастичен кога тоа го реков. Она што всушност го мислев е дека сакам да го решам ова и верувам дека ќе успеам”, рекол Трамп. Во мај 2023 година, Трамп за CNN изјавил: “Русите и Украинците умираат. Сакам да престанат да умираат. И тоа ќе го завршам за 24 часа”.

Неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, оваа недела бил во Москва, каде разговарал за предлогот на САД за прекин на огнот, кој Украина го прифатила.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк