Детали за убиството во Бутел: Пукано кон голф, едно лице убиено, друго пренесено во „Мајка Тереза“

По пукање од автомобил доцна вечерва во скопски Бутел 2, убиено е едно лице, а едно е тешко повредено, при што итно е префрлено во комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

Од МВР за ТВ21 информираат дека денеска во 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило марка „голф“.

„Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф“, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.

Претходно, за ТВ21 од МВР го потврдија настанот.

„Имаме пријава за слушнати истрели. На терен се екипи“, велат од МВР за ТВ21.

Неофицијално има едно починато лице со иницијали К.И., а на терен се три амбулантни возила.