Гори Израел: Запалени синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба (ВИДЕО)

Евреите ги изнесуваат свитоците од Тората од запалена синагога , а во непосредна близина горат автомобили , откако избија насилства во Израел поради израелските воздушни напади во Газа и конфликтот во Ерусалим.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи вонредна состојба во Лод, близу Тел Авив, по извештаите дека припадници на арапското малцинство палеле синагоги и дека Евреите фрлале камења кон автомобилите управувани од арапски жители.

https://youtu.be/1wlqzw6GBkc

„Ја изгубивме контролата над градот и улиците“, рече градоначалникот на Лод, Јаир Ревиво за News 12 по неколку ноќи насилни судири, во кои еден Арап е убиен, а многумина се повредени.

https://youtu.be/ynm_EzgD_Ag

Полицијата уапсила десетици луѓе преку ноќ во Лод и во претежно арапските градови во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Ум ал Фам по должината на границата со Западниот брег и Јиср ал Зарк на медитеранскиот брег.

Во крајбрежниот град Акре бил запален Ури Бури, рибен ресторан сопственост на Евреин, а некои арапски жители изјавиле дека се плашат да го напуштат домот.

https://youtu.be/Z9HXOSMIVdU