Connect with us

Инфо +

Потврдено: Човечкa ДHK пронајдена во машината за мелење месо- Има цврсти докази (видео)

Српскиот министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, вели дека по извршеното вештачење, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал, дефинитивно потврдиле дека се пронајдени неколку примероци на ДНК од разни жртви во машината за мелење месо пронајдена во куќата што им припаѓала на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во белградската населба Ритопек.

Ниту едно кривично дело на кланот Беливук-Миљковиќ нема да остане неразјаснето. Откако пронајдовме тајна просторија во куќата на ужасите во Ритопек, во која, покрај оружје и експлозив, имаше и индустриска машина за мелење за месо, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека во таа машина имало траги од ДНК на различни жртви на овој клан, истакна министерот Вулин.

Претходно денес, министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, објави дека по извршеното вештачење, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека во машината за мелење месо која е пронајдена во куќата што му припаѓала на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во белградската населба Ритопек, се најдени повеќе примероци на ДНК од различни жртви.
Според него, оваа злостирничка група мачела луѓе, ги убивала и на крајот на најстрашен начин ги мелела нивните остатоци со цел дополнително да ги уништи и расфрла.

Машината за мелење месо и арсеналот од разни оружја и експлозиви беа пронајдени пред две недели во тајна просторија во куќата во Ритопек и по наредба на обвинителството, тие веднаш беа испратени на вештачење.

Европа

Западните сили намерно разгоруваат кавга меѓу словенските народи – тврди Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко обвини дека конфликтот меѓу словенските народи во Украина е резултат на вмешаност на Западот. Во нацрт-обраќањето до народот и парламентот, тој истакна дека „Западот ни наметна меѓусловенски конфликт што се претвори во војна во Украина“.

Лукашенко, кој говореше на 18 декември, подвлече дека Белорусија останува отворена за украинските граѓани: „Вие не сте странци. Ние, Белорусите, изградивме државност со различни народи – прво во семејството на словенските народи, а потоа и со народите на големиот Советски Сојуз. Кој и да ни дојде од поранешните републики на СССР, е пречекан тука како првороден. Нашите врски се повеќе од пријателство“.

Говорот, кој беше значително скратен, денес го објави белоруската новинска агенција Белта, откривајќи делови од изјавата кои претходно не беа достапн

Continue Reading

Свет

Рускиот гас под закана: Америка го движи енергетскиот курс на Балканот

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша новиот закон, кој ја става енергетската независност на Западен Балкан од рускиот гас и нафта во центарот на националниот интерес на САД. Со потпишувањето на Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2026 година, Вашингтон јасно сигнализира дека зависноста од руските енергетски извори веќе не е прифатлива.

Станува збор за Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2026 година, кој директно ја адресира зависноста на земјите од регионот од рускиот гас и нафта – потег кој ќе има директно влијание врз Србија и соседните земји.

Според медиумските извештаи, законот во својата содржина го истакнува следново:

  • Во точка 16 се нагласува дека „зависноста на земјите од Западен Балкан од руски фосилни горива и природен гас ги врзува нивните економии и политики со Москва, попречувајќи ги нивните амбиции за приклучување кон Европската Унија“.

  • Точка 17 директно го декларира интересот на САД: „Намалувањето на зависноста од руски извори на енергија на земјите од Западен Балкан е од национален интерес за САД“.

  • Во точка 18 се предупредува дека „растечкото влијание на Кина во регионот може да има штетно влијание врз стратешката конкуренција, демократијата и економската интеграција на Европа“.

Со овој закон, Вашингтон испраќа јасна порака: енергетската независност на Западен Балкан од Русија и ограничувањето на кинеското влијание се прашања од висока геополитичка важност, кои директно ги засегаат интересите на САД во регионот.

Continue Reading

Свет

Меѓусебни напади со дронови меѓу Русија и Украина: Гори хемиска фабрика во Русија

Русија и Украина во текот на ноќта извршија масовни меѓусебни напади со беспилотни летала, при што во Русија беа пријавени пожари, прекини на струја и греење, а во Украина удари на повеќе локации.

Руските власти соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 94 украински дронови над седум региони. Најголем дел од нив биле соборени над Ростовската, Белгородската и Воронешката област, како и над Самарската и Астраханската област, Каспиското и Азовското Море.

Во градот Орјол, според локални извори, дронови ја погодиле термоелектраната-топлана, што довело до прекини во снабдувањето со греење, струја и топла вода. Локалните власти потврдија дека поради ситуацијата е прекината наставата во училиштата и градинките во еден дел од градот.

По нападите избувна и пожар во хемиската фабрика „ТолјатиАзот“ во Самарската област, една од најголемите фабрики за производство на амонијак во светот. Пристапните патишта кон фабриката биле затворени, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.

Прекини на електричната енергија се пријавени и во Ростовската област, каде што, според регионалните власти, биле оштетени далекуводи и цивилни објекти во неколку населени места. Повредени лица, според официјалните информации, нема.

Истовремено, руските сили во текот на ноќта лансирале околу 160 беспилотни летала кон Украина, меѓу кои и дронови од типот „Шахед“. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека успеала да собори или електронски да онеспособи 108 дронови, но и покрај тоа биле регистрирани погодоци на 23 локации.

Украинските власти предупредија дека нападите продолжуваат и дека дел од руските дронови и понатаму се наоѓаат во воздушниот простор на земјата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг