Connect with us

Инфо +

СКАНДАЛ во Кавадарци: Газда претепал вработен!

Published

on

Триесет и тригодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот претпоставен. Нападот се случил во фабриката во која работи.

– Вчера  во ОВР Кавадарци, Р.С.(33) пријавил дека во кавадаречка фабрика во која работи,  бил физички нападнат од неговиот претпоставен, на возраст од 39 години, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

По целосно документирање на случајот,  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Балкан

Србија воведува заеднички систем за е-патарина со Грција и Хрватска

Published

on

Српскиот државен патен оператор „Путеви Србије“, оваа година ќе лансира заеднички интегриран систем за електронска наплата (ETC) со Грција и Хрватска, со што ќе им се овозможи на возачите да плаќаат патарина во двете земји со српската ознака ETC и обратно, објавија локалните медиуми.

Системот меѓу Србија и Грција ќе профункционира пред овогодинешната летна сезона, додека системот со Хрватска се очекува да стане функционален до крајот на годината, изјави во четвртокот весникот „Политика“ заменик-шефот на единицата за наплата на патарините на Путеви Србије, Дарко Савиќ.

Савиќ, исто така, рече дека во моментов, српската ознака ETC е функционална во соседните Македонија и Црна Гора. Тој истакна дека досега се регистрирани вкупно 900.000 корисници на ETC, при што уредот ETC го користеле околу 105.000 од нив. Од нив, 75.000 користеле ETC уред за плаќање на е-патарина меѓу Србија и Северна Македонија, а останатите 30.000 – за плаќање електронски патарина меѓу Србија и Црна Гора.

Тој, исто така, рече дека минатата година е регистриран рекорден број од 80 милиони трансакции ETC, што значи дека системот го користеле 80 милиони автомобили, што резултирало со приход од 420 милиони евра (455 милиони долари).

Околу 905 километри автопатишта во Србија се на патарина, од вкупно 1.000 километри активни автопатишта, истакна Савиќ.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Солун во молк за Кочани

Published

on

Граѓаните на Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката

Македонците и Грците кои ја покренаа иницијативата откриваат дека планираат 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за возачот на брзата помош, кој почина откако превезе голем број повредни лица.

Дополнително, во спомен на загинатите ќе има и црни балони, а преку социјалните мрежи објавија повик „Солун се солидаризира со Кочани“.

Continue Reading

Балкан

Најпопуларниот бугарски актер Филип Буков даруваше крв за повредените во Кочани и ги повика другите да се приклучат на акцијата

Published

on

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со својот гест на поддршка за повредените во трагичниот пожар во Кочани, Република Македонија. Во знак на солидарност, Буков се упати кон крводарителските центри во Софија, каде што успешно донираше крв и со емотивен апел повика на акција.

„Важно е многу да дадат малку, а не малку да дадат многу!“ – напиша Буков на својот Instagram профил, поттикнувајќи ги сите да се приклучат во акцијата за спасување животи.

Во знак на жалост за трагедијата, бугарското Народно собрание го спушти своето знаме на половина копје на 18 март. Истовремено, болниците „Пирогов“ и ВМА во Софија беа полни со млади луѓе кои се подготвени да помогнат.

„Кој има можност, нека оди!“ – беше порака од Буков, кој истакна дека крводарувањето не само што спасува животи, туку и има позитивен ефект на здравјето на самите дарители.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк